Зима 2017
Гонсало Гуедеш, од Бенфика во ПСЖ - 30 милиони евра
Французите во своето време не можеа да го доведат Кристијано Роналдо, па затоа потпишаа со играчот кого го нарекуваат негов наследник. Преминот на 20-годишниот Гуедеш од Бенфика во Париз беше еден од најголемите трансфери изминатата зима.
Едер Кошта, од Бенфика во Вулверхемптон - 15 милиони евра
Младиот Кошта кој игра во средниот ред настапуваше за Вулверхемптон како позајмен играч и после 7 гола и 5 асистенции на 25 меча ја убеди управата на англискиот клуб да го направи најскапиот играч во клупската историја. Кошта сигурно може да игра во екипа од повисок ранг но добро се снајде меѓу „Волците“.
Лето 2017
Едерсон, од Бенфика во Манчестер Сити - 40 милиони евра
Сити повеќе од една година бараше стабилен голман, така што уште на последниот меч на Португалецот за Бенфика, тој веќе знаел каде ќе ја продолжи кариерата. Во Англија нема да му биде лесно затоа што ќе биде под голем притисок поради тоа што стана еден од двајцата најскапи голмани во историјата.
Никој никогаш во Премиер лига не платил толку многу пари за голман.
Виктор Линделеф, од Бенфика во Манчестер Јунајтед - 35 милиони евра
Уште еден играч на „Орлите“ кои одлета во Манчестер - но во црвениот дел од градот, во Јунајтед на „Олд Трафорд“. Стоперот од Шведска го сметаат за наследник на Немања Видиќ а во Лисабон може да тријат раце затоа што го купија пред пет години за само 3 милиони евра.
Нелсон Семедо, од Бенфика во Барселона за 30,5 милиони евра
Но ова не е целата сума, затоа што на секои 50 одиграни меча на офанзивниот бек за Барселона, Бенфика ќе зема по дополнителни 5 милиони евра.
Марсал, од Бенфика во Лион за 4,5 милиони евра
Бекот не играше за португалскиот шампион на ниту еден официјален меч, одеше по позајмици, но тоа не му сметаше на клубоот од „Луж“ да го продаде во топ-првенство за убава сума.
Вкупно за 2017 година: 155 милиони евра.
А еве кои играчи играа за нив низ годиниве: