Најтешкиот период на Сити бил во средината на ’90-те години: клубот западнал во долгови, испаднал во трета лига и ги изгубил правата на грбот (симболот). Неколку години Сити не продавал дресови и реквизити со својот амблем затоа што носителите на права на грбот биле во конфликт со нив и ставиле цена од 60.000 фунти за еден предмет.
„Ако шеик Мансур го преземеше клубот тогаш, ќе се фатеше за глава. Клубот беше банкротиран. Со кредиторите се раздолжив дури после 18 месеци“, се сеќава поранешниот претседател на Сити, Френсис Ли.
Тренинзите Манчестер Сити ги имал во спортскиот комплекс Мос Саид на самиот југ од градот. За време на тренинзите таму дремеле бездомници и пијаници кои им дофрлале на фудбалерите. Агрономот Ли Џексон задолжен за тревникот, се сеќава дека клубот бил толку сиромашен што често ја коселе тревата со коса а не со стандардна машина.
До 2002 година Сити играл на стариот стадион „Мејн Роуд“ кој не бил реставриран уште од 1920 година.
Во 2002 година им олеснало: Во Англија се одржувале Игрите на Комонвелт (турнир кој се игра на 4 години меѓу земјите-членки на Британскиот Комонвелт) и за таа потреба градот Манчестер изградил нов стадион којшто му го предал подоцна на Сити.
Но „граѓаните“ не биле заинтересирани за толкав стадион затоа што на пример собата за трофеи им била толку мала што ги собирала во еден шпајз. Последниот пехар го освоиле во Купот во 1976 година.
На крајот прифатиле но останале финансиски проблеми: Сити тешко опстојувал во Премиер лига во време кога Јунајтед доминирал во Европа и во Англија и редовно ги понижувал комшиите во дербито.
Популарниот весник Manchester Evening News го игнорирал вториот клуб од градот: за Сити пишувал само еден автор и тоа само затоа што бил нивен навивач.
****
Чудно, но ако ги прашате навивачите, тие ги сакаат тие времиња.
Марк Ходкинсон, автор на книгата „Сина месечина“ за Манчестер Сити вели дека навивачите тогаш живееле за клубот и му биле верни: „Ако спроведете една аналогија со продавници на пример, Манчестер Јунајтед е голем супермаркет, стерилен, безличен кој бара само пари од вас. А Сити долго време е маалска кооперација близу вашиот дом каде продавачот се интересира за твоите дела, за твоето секојдневие и се радува кога ќе те види“.
На почетокот на 2000-те клубот се избавил од бедата, а во летото 2007 му се посреќило: Поранешниот премиер на Тајланд Таксин Шинаватра го купи Манчестер Сити за 43 милиони долари (и на себе презел долгови од 119 милиони долари).
На првиот следен преоден рок Сити стана главен. Клубот го назначи Свен-Еран Ериксон за тренер и тоа беше знак дека клубот е спремен за високи дострели. Некогашниот селектор на Англија и тренер на Лацио и Бенфика сега можел да бира кого ќе доведе.
Во тој момент Сити ја имал една од најдобрите младински школи во Англија која што регуларно давала таленти во првиот тим - Џој Бартон, Стивен Ајрленд, Недума Оунохи.
Брзо стигнаа и засилувања: Ведран Чорлука, Елано, Хавиер Гаридо, Мартин Петров и уште неколку фудбалери.
Се случија тогаш и чудни трансфери: заедно со новиот сопственик во Сити дошле и тројца фудбалери од репрезентацијата на Тајланд кој не знаеле да шутнат топка. Веќе во ноември договорите со нив биле раскинати поради проблеми со работната виза.
Манчестер Сити стартуваше фантастично (три победи од кои една во дербито против Јунајтед), но проектот на Таксин Шинаватра се испоставил за неуспешен.
Сити сезоната ја завршил на 9 место со дебакл 8:1 од Мидлзборо во последното коло од Премиер лигата.
На крајот од сезоната 2007/2008 се испоставило и дека Шинаватра имал сериозни проблеми со законот. Поранешниот премиер на Тајланд ја напуштил земјата после воениот преврат а новите власти никако не сакале да го пуштат назад: го обвиниле за корупција и тешки финансики малверзации со кои ја оштетил државата за 900 милиони фунти.
Дел од бизнисите Шинаватра успеал да ги префрли во Англија и тоа било доволно да се купи Манчестер Сити и да се покријат долговите со по некој нов трансфер.
Но за понатамошно финасирање на клубот не бил моќен.
„Таму немаше ниту врати во тоалетите, ниту имаше кафемати. Не ни даваа да ги користиме клупските службени коли. Имаше многу соработници од Тајланд кои топло ме поздравуваа секој ден“, раскажал еднаш Винсент Компани во интервју за Manchester Evening News.
Белгиецот уште немал појма што ќе го снајде клубот во следните недели.
Обвиненијата кон Шинаватра станале толку сериозни што тој секој ден одел по судови. Во летото 2008, само една година откако го купил Сити, тајландскиот бизнисмен решил да го продаде клубот. Како што покажа времето тоа било разумно - во октомври 2008 тајландскиот суд го осудил на две години затвор.
****
Ноќта меѓу 31 август на 1 септември 2008 година Манчестер полуде од среќа.
За само два часа до полноќ во дубајскиот хотел Emirates Palace завршиле тринеделните преговори за продажбата на Манчестер Сити: нов сопственик на клубот стана инвестицискиот фонд Abu Dhabi United Group од Обединети Арапски Емирати.
Длабоко во ноќта почесниот претседател на Сити, Бернард Хелфорд во фудбалската асоцијација на Англија ги испратил документите по факс а брзо клубот го промовирал и првото засилување - Робињо.
На улица излегле навивачите на Сити кои дошле до канцелариите на клубот каде новинарите во живо јавувале за новоста - Робињо од Реал доаѓа во Сити.
Но овој трансфер станал најтежок во клупската историја.
Прво Сити сакал да потпише со напаѓачот на Тотенхем Димитар Бербатов но Бугаринот одбил: „Одам во Манчестер Јунајтед, за мене парите не се пресудни“.
Паралелно Челси договарал трансфер на Робињо од Реал но во последен момент трансферот пропаднал: Челси пред време пуштил продажба на дресови од Бразилецот, уште пред клубот да ги соопшти последните детали. Тоа ги изнервирало луѓето од Реал Мадрид и ги прекинале преговорите.
Тогаш брзо и оперативно реагирал Сити на чиишто нови газди им требал нов моќен трансфр. Ноќта меѓу 1 и 2 септември, само неколку часа по затворањето на преодниот рок Сити објавил за рекорден трансфер во Премиер лигата - Робињо дошол за 32,5 милиони фунти!
Овој премин ги шокирал сите зошто Сити пред само три месеци изгубил 8:1 од Мидлзборо а сега прави рекорден трансфер во лигата.
„За да победите такви екипи како Челси и Барселона неопходно е да имате 22 ѕвезди од највисоко ниво. Парите не се проблем. Главно е во мојата екипа на секоја позиција да има топ фудбалер а клубот за кратко да стане главен во Европа“, изјавил шеик Мансур.
Најважно е да се напомене дека целта на шеикот Мансур и кралското семејство на ОАЕ коешто тој го претставува била не толку развојот на Сити колку ребрендингот на Арапските Емирати кои ги биел не баш добар глас во Европа.
****
Купувањето на Манчестер Сити бил дел од глобалниот план за експанзија на арапските пари во западниот свет. Брзо следувало и купување на најголемата банка на Велика Британија, Barclays, како и создавање на City Football Group која со текот на времето купи неколку клубови од разни делови (Њујорк Сити, уругвајскиот Атлетико Торке, јапонскиот Јокохама Маринос, австралискиот Мелбурн Сити и други).
Преобразбата на Сити бил прв чекор во сериозните намери на луѓето од УАЕ.
Селидбата на Робињо ги шокирала сите. Пеле изјавил дека на Робињо му треба помош при избор на клуб. Претседателот на Сантос Марсело Тешеира го нарекол трансферот на Робињо најсрамна епизода во историјата на бразилскиот фудбал.
На еден од тренинзите тренерот Марк Хјуз не можел да поверува дека Бразилецот дошол во Сити.
Робињо бил најглавен трансфер на шеиците но и доказ за почеток на нова ера. Трансферот се случил за време на репрезентативен фудбал па многу од играчите кои се вратиле од мечевите со репрезентациите виделе многу промени.
За фудбалерите купиле нова Nespresso машина за кафе во тренинг базата. Таа била толку тешка што после пар недели некој од играчите случајно ја скршил. Базата доживеала козметички ремонт: ги обновиле соблекувалните, тоалетите, терените. Стариот мебел го замениле за современ.
Играчите почуствувале дека од нив сега ќе се бара повеќе: „Кога го видовме Робињо во соблекувалната, сите помисливме: ’Вау’! Времињата се менуваат. Во следниот трансфер преоден рок дојдоа нови ѕвезди. Ако не трениравме напорно ќе останевме на клупата за резерви“, се сеќава Компани, капитенот на Сити.
Сите промени биле извршени буквално за 2-3 недели.
Најмоќниот преоден рок во историјата на англискиот фудбал се случи во летото 2010 кога клубот потроши 110 милиони евра за: Коларов, Давид Силва, Балотели, Јаја Туре, Боатенг и Милнер.
Иако делува дека клубот трошел безумно, аналитичкиот оддел на клубот составил обеме отчет за секој новајлија (за профилот на Јаја Туре имале извештај од 30 страници) за да решат дали е за екипата.
Старата епоха конечно отишла во историјата во 2013-та година кога компанијата на шеик Мансур го изградила новиот ултра-модерен кампус Етихад во предградие на Манчестер. Во кампусот се стадионот на Сити, базата и академијата.
По изградбата останале уште десет квадратни километри слободна земја која што компанијата смета дека ќе ја искористи за развојни проекти.
На старите косилици за трева веќе сите заборавиле.
Веќе до септември 2008 година сево ова влијаело и на навивачите. Почесниот претседател на Сити, Бернард Хелфорд кој од 1977 година живее и работи во Манчестер рекол: „Веќе 33 години по пат до работа гледав луѓе во дресови на Сити и Јунајтед. После летото 2008 се се смени. Претходно луѓе во црвени дресови беа мнозинство а сега сигурно е 10-2 за Сити. Јас речиси не среќавам луѓе во црвено“, рекол Хелфорд.