Тосун (28) во јануари минатата година за сума од 22,5 милиони евра премина од Бешикташ во Евертон и го постави рекордниот трансфер во турскиот фудбал.
Зад првиот шпиц на Турција се наоѓаат нашиот Елиф Елмас кој потпиша договор со Наполи вреден 16 милиони евра (+ евентуални 1,5 милиони од бонус за 50 одиграни натпревари). После бисерот на македонскиот фудбал доаѓаат Баду Н’Дијае, играч од средниот ред кој наликува на Нголо Канте и кој од Галатасарај во јануари 2018 замина за Стоук Сити за исто 16 милиони евра, и Муса Со, шпицот кој во 2015-та година му донесе на Фенербахче 16 милиони евра од Ал Ахли (УАЕ).
На петто место на листата најскапи трансфери е Елвир Баљиќ, некогашниот репрезентативец на БиХ кој направи сензационален трансфер во 1999-та година и потпиша со Реал Мадрид за 15,6 милиони евра.
Следува центарфорот Брума кој е роден во Гвинеја Бисау а игра за Португалија. Брума беше продаден во РБ Лајпциг за 15 милиони евра, Ченгиз Ундер во Рома за 14,2 милиони евра, Демба Ба од Бешикташ во кинески Шангај Шенхуа за 13 милиони евра, Арда Туран од Галатасарај во Атлетико Мадрид за 13 милиони евра и стоперот Симон Кјаер од Фенебахче во Севиља за 12,5 милиони евра.