Од фудбалска ѕвезда вредна 220 милиони стана потсмев за цел свет

Наместо да биде пример за младите, а го гледаа милиони деца на Мундијалот и да се наметне како лидер во една господска и ценета репрезентација како Бразил, тој се доведе во ситуација и кучиња да го имитираат.

„Нејмар Челинџ“ се рашири низ цел свет. Навидум глупа ствар бидејќи играта се состои од тоа да те допрат и да паднеш, ама па тоа го правеше Нејмар на цело првенство.
 
Нејмар да Силва Сантос Јуниор и на овој Мундијал ја загуби шансата да го предводи Бразил до славје, ама ја загуби и репутацијата и стана најимитираниот играч на СП Русија 2018.
 
Бразил беше елиминиран во четвртфиналето од Белгија, а автобусот на играчите беше каменуван, но најмногу во очите на јавноста загуби Нејмар кој само глумеше и се тркалаше по трева. Место да му бројат голови, асистенци и финти, тој дозволи да му мерат колку лежел.
 
Имало и има и други глумци во фудбалот, но никој како него не и направил ваква лоша реклама на култната фудбалска репрезентација во која членуваа имиња како Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Адриано, Роберто Карлос, Бебето...
 
Опрај се дете уште на есен во ПСЖ и пази што правиш на следното Светско во Катар каде ќе имаш 30 години. Оти да не излезе на крај да освоиш Мундијали исто колку Меси.

Нагрубиот фаул врз него, пораката од Кантона и Панини сликичката.
10 јули 2018 - 12:12