Твитер битка меѓу Интер и ПСВ за Роналдо

Во второто коло од ЛШ во групата Б, во среда од 21:00 часот ќе се сретнат ПСВ и Интер, две поранешни екипи на еден од најдобрите фудбалери во историјата, кои сакаат да знаат за кого ќе навива „Ил Феномено“.

Иако освои само еден трофеј (Куп на УЕФА 1998) во пет нецелосно одиграни сезони поради тешките повреди на коленото, сепак Роналдо засекогаш ќе остане запаметен во Интер, како и во срцата на навивачите.
 
Па од таму клубот преку својот Твитер профил во пресрет на утрешната пресметка, прв го испровоцира Роналдо со прашањето:
Холанѓаните беа спремни со фото одговор.
Од Италија стигна реплика со компилација на дел од неговите најубави голови за Интер за кој стрелаше 59 пати.
Од ПСВ возвратија со иста мера. Роналдо за само две сезони кај нив постигна 54 голови на сите натпреварувања.
Интер беше упорен па потсети на освојувањето на Златната топка.
А Роналдо ги следеше и го прекина симпатичниот натпревар меѓу двете екипи.
2 октомври 2018 - 14:10