Најдобар партнер на Роналдо во напад беше Белгиец кој никој не го памти

Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.

Фиго, Ромарио, Зидан, Ривалдо, Раул, Џоркаеф, Стоичков, Бебето, Баџо, Виери, Заморано, Раул, Овен, Ван Нистелрој, Филипо Инзаги - се само некои од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал со кој Роналдо играше заедно, но за свој најдобар партнер во нападот именуваше еден Белгиец кој не го паметат многумина.

„Игравме заедно во ПСВ. Тој беше просто неверојатен! Најдобриот соиграч со кој сум играл и покрај тоа што не игравме долго време заедно“, рекол еднаш Бразилецот Роналдо.

Да го запознаеме: Лук Билис.

НИЛИС НЕ САКАЛ ДА СПИЕ СО РОНАЛДО ВО ИСТА СОБА, ЗОШТО БРАЗИЛЕЦОТ МНОГУ ХРЧЕЛ

Роналдо и Лук Нилис се нашле во ПСВ во 1994-та.

Бразилецот дојде во Ајндховен како 17-годишен чудесен талент од Бразил кој веќе дебитираше за репрезентацијата на својата земја иако на Светското 94 во Америка седеше на клупа за резерви. Тогаш во напад Бразил ги имаше Ромарио и Бебето.

АНЕГДОТИ ОД ПРВИТЕ ДЕНОВИ ВО ХОЛАНДИЈА

ПСВ на Крузеиро му платил 5 милиони долари, а да ја избере холандската Ередивизија наместо шпанска Ла Лига или италијанска Серија А му влијаел Ромарио кој во летото 1993-та од Холандија отиде во Барселона.

„Ромарио ми кажа дека ПСВ е еден од најпрофесионалните клубови во Европа. Ми кажа дека таму најдобро од секаде ќе се аклиматизирам на Европа. Мислам дека е во право“, рекол Роналдо.

По сеќавањата на напаѓачот Ерик Мејер, играчите на ПСВ Ајндховен со отворени раце го пречекале Роналдо уште на првиот тренинг. На една партија фудбал едни против други Роналдо издриблал еден од поискусните дефанзивци и го лобувал голманот. Сите сфатиле каков играч добиле.

Бразилецот во првата сезона во Европа постигна 30 гола на 33 меча во Ередиивизија. Слушал многу пофалби од сите страни, но најсериозна била онаа кога дал три гола, имал хет-трик против Баер Леверкузен во Куп на УЕФА. Поразениот Руди Фелер рекол: „Никогаш во живот не сум видел таков 18-годишник така да игра“.

ФАНТАСТИЧЕН ТАНДЕМ СО ИНТЕРЕСНИОТ БЕЛГИЕЦ

Заедно со Бразилецот во нападот на ПСВ играше и искусниот Нилис. Белгиецот во Холандија дошол на 27 години после 10 години во соседниот Андерлехт. Во ПСВ го викнал тренерот Ад Де Мос кој работел со него во Белгија.

Тренеров побарал од негов познат пријател-новинар да направи компилација на диск од најдобрите голови на Нилис и со цд-то дошол кај управата на ПСВ. Го пуштил и им рекол: „Ова е Лук Нилис. Уживајте“.

Тренерот Де Мос го отпуштиле после лошиот старт на сезоната 1994/1995, а во јануари на негово место дошол Дик Адвокат кој на Мундијалот '94 стигна до четвртфинале со Холандија.

Но Нилис и покрај смената на тренерите, тој уживал во фудбалот.

Лук Нилис и Роналдо имале некоја необична хемија а за тоа придонел и фактот што живееле во иста соба во секој хотел. Но тоа била само во втората полусезона зошто во првата Лук не можел да заспие од Рони кој многу хрчел.

„Бевме на турнир во Мадрид и таму дознав дека го потпишавме (Роналдо). Тој дојде и веднаш заспа после долг лет. Хрчеше како свиња. Не можев да спијам, го викнав докторот и тренерот, тие дојдоа и видоа дека не е нормално како хрчи. Се испостави дека имал нешто со крајниците. Докторите не можеа ништо да направат до зимската пауза па јас тоа време спиев сам“.

На дебитантскиот меч Роналдо даде гол после само 10 минути. Се отвори, прими еден пас во длабочина, направи дриблинг и топката заврши во голот на Витезе. Нормално дека веќе погаѓате кој му асистирал на 17-годишниот Бразилец кој истрчал кај него и му рекол „Dank je“ (фала на холандски).

„Зборувавме на ист фудбалски јазик, а тој потоа научи холандски“, раскажал Нилис.

Белгиецот (12 гола и 3 асистенции во првата сезона) често играл по страна, а Роналдо како централен напаѓач.

„Ми помагаше на секој меч повеќе од Зидан. Можеби не е подобар од Зидан како фудбалер, но пред голот никогаш не беше себичен, напротив, секогаш беше неверојатно дарежлив, често ми местеше голови. Се надополнувавме еден со друг“, раскажал Бразилецот.

Другиот шпиц во тимот, Мејер се сеќава на тој период:

„Имаа одлична врска. Јас бев трет напаѓач и давав голови кога ќе добиев шанса, но Дик Адвокат викаше: 'Ерик, го имам Роналдо, го имам Лук, што можам да направам? Затоа си заминав.“

Интересно Роналдо и Нилис не можеле да го урнат моќниот Ајакс кој доминираше со цела Европа тие години. ПСВ не стана шампион иако во сезоната 1995/1996 Лук Нилис постигнал 21 гол и првпат во кариерата ја добил „Златната топка“ и го прогласиле за најдобар играч во Холандија. А после Роналдо замина во Барселона за тогаш рекордни 18,5 милиони долари.

„Можно е тој да смета дека јас му помогнав со трансферот во Барселона. Памтам дека Роналдо беше необично скромен и воопшто не мислеше само на себе“, рекол Нилис кој како да не знае зошто Роналдо го нарекувал најдобар соиграч во кариерата.

Интересно, тие двајца го сочувале пријателството до ден денес. Кога Роналдо веќе бил во Реал Мадрид, а Нилис ја завршил кариерата, тие се сретнале во Мадрид.

„Рони остави за нас карти за стадион а после мечот дојде во хотелот и му го даде дресот на син ми Арне“, раскажувал Нилис.

ПСВ ГО СКАУТИРАЛ БЕЛГИЕЦОТ УШТЕ ОД ДЕТСТВО, НО ТОЈ ГО ИЗБРАЛ АНДЕРЛЕХТ

Лук Нилс растел практично на границата меѓу Белгија и Холандија: татко му Роџер кој што ја завршил фудбалската кариера, се вратил во родниот Лимбург (холандско-јазично подрачје на истокот од Белгија) и станал тренер во малиот клуб Халвевег Зонховен.

Малиот Лук Нилис работел со татко му уште од мали години па се до упис во фудбалска академија.

Стигнал до прв тим на Зонховен, а кога во една сезона постигнал 106 гола, тогаш клубот Винтерслаг (денес познат како шампионски Генк) решил да ги доведе и таткото и синот. За нив двајца Генк одвоил 100.000 долари: таткото работел како тренер а Нилис стигнал до прв тим уште на 15 години!

Таткото на Нилис прекинал со тренерска работа во 1985-та година кога имал излив во мозокот. Следна дестинација на 18-годишниот Лук тогаш бил најголемиот клуб во земјата - Андерлехт.

И иако Лук од мал навивал за Бриж, за него како најголем талент во земјата во тој момент Андерлехт одвоил страшни 18 милиони франци (околу 450.000 евра што за тоа време е огромна сума за трансфер).

Истовремено за младиот Нилис со Андерлехт се борел и ПСВ Ајндховен којшто бил поблизу до родниот крај на Лук отколку Брисел. Дури и скаутите на ПСВ доаѓале често на натпреварите на Винтерслаг.

Кога Нилис потпишал договор со Андерлехт, му стигнала покана за да служи војска. 

Куртулил од служење воен рок, но првата сезона во Андерлехт му била скромна зошто како тинејџер морал да се бори за место со Енцо Шифо и Хуан Лозано кој само што освоиле две титули по ред.

Дури на крајот од сезоната добил малку шанса место повредениот Лозано. Летото дошло време да го врати долгот на татковината па Нилис отишол на Светско првенство за војници во состав на репрезентацијата на Белгија.

Тука му помогнал и Андерлехт па Нилис наместо да служи полн воен рок, тој требал да ги отслужи само првите два месеци. А на првиот отишол на фамозното Светско, а после на турнеја по Африка со Андерлехт. Таму екипата била 1 месец и играле во Либервил (Габон), Киншаса (ДР Конго) и Кигали (Руанда).

Следната сезона кај новиот тренер Жорж Лекенс Лук Нилис станал стандарден првотимец, постигнал 14 гола од кои и во финалето на Купот на Белгија и добил покана во репрезентација.

Но ниту тандемот со Еди Крнчевиќ (еден од најдобрите фудбалери од Океанија во ХХ век со кого Нилис во 1988/1989 постигнаел вкупно 42 гола) не бил доволен Андерлехт да ја освои титулата. Славеле само 2 пехари во Купот.

Подоцна со новиот тренер Ад Де Мос, Андерлехт ги доживеал најубавите моменти во клупската историја. Стигнале до финалето на Куп на победници на Куповите со елиминација на Барселона на Кројф по патот. Лук Нилис дал четири гола а го решил и полуфиналето со Динамо Букурешт.

Во главниот меч во неговата кариера, Нилис и друштвото се судриле со Сампдорија на Џанлука Ваијали, Роберто Манчини и Вујадин Бошков како тренер.

Тренерот Де Мос неочекувано го оставил на клупа за резерви и го пуштил дури во судиското продолжение (после пар минути откако влегол во игра, Виало постигна два гола за три минути и се беше готово).

Белгиецот бил бесе:

„Ова е мое најголемо разочарување за цело време во Андерлехт. Ад Де Мос цела недела пред мечот викаше дека Италијанците се чудат и од движењето на мојата коса, а на два часа пред мечот дознав дека сум на клупата. 200% бев сигурен дека играм од почеток“, се сеќава Нилис.

Тие двајца никогаш повеќе не го изгладиле односот. 

И покрај врвниот талент, Нилис останал уште четири години во Андерлехт. Секој пат од своите партнери во напад правел расни стрелци (Луис Оливеира, Џон Босман, Пер Ѕетерберг) и никогаш не станал најдобар стрелец: два пати бил трет стрелец, еднаш втор. Стално му фалеле пар голови. А во Белгија ниту еднаш не бил прогласен за играч на првенството.

Во 1994-та година го дал победничкиот гол во финалето на Купот на Белгија и заминал во ПСВ.

Но во Ајндховен го сретнал стариот познаник: тренер на ПСВ станал Де Мос. 

По заминувањето на Роналдо во Барселона, Лук во напад играл со Марк Дегриз со кој биле заедно и во Андерлехт. Нилис постигна 21 гол а ПСВ ја освои титулата и конечно ја прекина доминацијата на Ајакс.

Лук уште тогаш бил најдобар играч во Белгија но не го сметале за топ-напаѓач. „Ми фали брзина во првите десет метри, затоа не сум на списокот на најдобрите напаѓачи во Европа“, објаснувал Нилис.

Во 1998-ма година сакал да се проба во Англија пред се зошто многу негови соиграчи се разбегаа: Филип Коку и Зенден во Барселона, Јап Стам во Манчестер Јунајтед, Вим Јонк во Шефилд Венздеј.

Добил покана од Глазгов Ренџерс, но ја одбил. И не погрешил. 

ПСВ се возобновил. Екипата ја презеде Боби Робсон кој работеше во Барселона. Лук Нилис како најискусен играч ја доби капитенската лента. И што е најважно му стана ментор на 22-годишниот Руд Ван Нистелрој кого ПСВ го купи од Херенвен за 4,2 милиони долари (рекорд за холандски фудбал во тоа време).

Тандемот Нилис-Ван Нистелрој ги мелеше противниците: за две сезони постигнаа 103 гола заедно само во првенството. Руд два пати стана најдобар стрелец во лигата, а Лук Нилис втор најдобар стрелец.

„Лук ми беше учител. Се што знам му должам нему. Нема друг таков играч толку силно го почитувам. И сомневам дека има фудбалери кои се блиски како ние двајца“, рекол еднаш Ван Нистелрој.

„Двајцата идеално се надополнуваат како кајгана со сланина“, рекол Боби Робсон за своите напаѓачи.

Боби Робсон не се прослави на клупата на ПСВ, па го сменија со Ерик Геретс. Нилис многу очекувал од белгискиот тренер, плус што Геретс му бил идол. Но неочекувано се појавил проблем.

Нилис и Ван Нистелрој издржале една сезона. „Геретс е добар тренер, но во тоа време беше манипулатор. Не можеше да допусти играчите да имаат поголемо внимание од него“, пишал Нилис во својата автобиографија.

Најинтересна анегдота имал со Нистелрој:

„Руд го сменија после еден час на мечот со Де Грашфап. Не играше многу добро и Геретс му кажа дека ја нервира екипата. Руд беше фанатик и можеше да трпи такво нешто. Побара чесно да му кажат сите дали ги нервира. Јас ја собрав екипата со се тренерите. Тој праша кој мисли дека смета? Тогаш неочекувано се вмеша Геретс и кажа дека нема такво нешто. Јас ги смирив сите инаку Руд ќе го удреше Геретс, просто збесна. Година дена по нашето заминување сите играчи добија отказ“, пишал Нилис.

А најдобар меч во кариерата му е против Барселона на Јохан Кројф кога со ПСВ на „Камп Ноу„ им дава два гола па во реваншот слават 3:2 и одат понатаму. Тоа беше последна сезона во тренерската кариера на Кројф, идолот на Нилис од детсвото во Лимбург.

СТРАШНА ПОВРЕДА ВО ПРЕМИЕР ЛИГА КОЈА МУ ЈА ПРЕКИНА КАРИЕРАТА

Во 2000-та година Манчестер Јунајтед многу го сакал Ван Нистелрој, но Руд ги скина лигаментите и го одложија трансферот за една година.

Нилис тогаш веќе имаше 33 години и тешко беше за верување дека ќе оди во топ клуб. Договорот со ПСВ му истече па иако имал понуда од Ливерпул, тој се решил за Астон Вила.

Во првиот меч во Премиер лига во стилот на Бергкамп го издриблал Франк Лебеф и постигнал виртуозен гол против Челси. Цел свет тогаш разбра за Лук Нилис.

Но во третото коло, на мечот против Ипсвич по еден дуел со голманот Ричард Рајт, Нилис доживува двоен прелом, скршеница на ногата. Оваа повреда од тогаш се наоѓа на списокот на најстрашни фудбалски повреди во Англија.

Докторите на Астон Вила сметале дека ќе се врати, но раната му се инфицирала и го предупредиле дека можно е да побараат дури и ампутација. Со фудбалот тука било готово. 

„Кога ја слушнав веста, заплакав. Се беше како кошмар, како ноќна мора. Најлош момент во мојот живот“, се сеќава Нилис.

А Нистелрој рекол: „Кога Лук ја скрши ногата и тоа беше крај на неговата кариера, јас бев скршен. Заедно многу плачевме. Секогаш го гледав него над мене“. 

Лук Нилис ја заврши кариерата на 33 години. Астон Вила со посебен авион го вратила дома и му пратила личен физиотерапевт.

За да заборави на болката што го напушта фудбалот на самиот пик, Нилис почнува со хазардни игри - се коцкал ден и ноќ и тоа на многу големи пари. Тоа го однело во развод со жената.

„Изгубив надеж од сè“.

После некое време почнува да се занимава со тренерска професија, во 2018-та година добил понуда за работа во Венло каде станал помошник.

Во мај 2020-та година Нилис замина од Венло зошто клубот имал финансиски проблеми поради глобалната пандемија и решил да ги скрати расходите.

„Сакам да одам ниво повисоко. Сакам да работам во Холандија или Белгија но би можел и надвор од границите“, рекол Лук.

„Му викав стално да се однесуваше кон фудбалот како Марк Ван Бомел, ќе беше најдобар играч на светот“, констатира Дик Адвокат.