Таг: руд ван нистелрој

Ван Нистелрој има баш пријатни спомени од Стам, Неста и Малдини

Море какви пријатни спомени, трауми се тоа. Tуку фино ги раскажува, до стадиум да ја насмее публиката. Се изнапромашувал на Сан Сиро кутриот. Од страв.

А се сеќавате ли на волејот на Нистелрој после плејстејшн акцијата на Реал?

Вакви голчишта тешко се забораваат, особено ако прашате навивач на Реал Мадрид. Не знаеш дали е подобра акцијата од која последните седум пасови се на прва или завршницата на Холанѓанецот. Падна пред точно 15 години на меч против Валенсија.

На Нистелрој најде да му се смееш?

На 7 септември 2005-та, еден несреќник од Андора фати да му се смее на Руд затоа што промаши пенал на мундијалски квалификации во група каде бевме и ние. Конечен резултат? 4:0 за Холандија, два гола за холандскиот голгетер. 

Најдобар партнер на Роналдо во напад беше Белгиец кој никој не го памти

Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.

Босанскиот новинар кој растури на англиски со Нистелрој

Ексклузивната изјава со холандската ѕвезда ја почнува вака: Руд, тенкју фор апсеншн гравитејши рај мај ом виен ти. И потоа новинарот на ОБН во недостиг на англиска терминологија, оди на сигурна карта и му чита статистики со голови, на кој Руд Ван Нистелрој му преостанува само да му потврди со: Да, така е.

Некарактеристичниот соло продор на Руд Ван Нистелрој

Важеше за расен стрелец на Јунајтед каде остави голем белег и за 5 сезони постигна вкупно 150 гола. Го паметиме како гол машина која одлично се градеше и царуваше во шеснаесетникот. Но пред точно 15 години против Фулам направи исклучок со ова ремек дело.

Џабе го заобиколувате Ван Нистелрој

Старите за него во кладилница велеа: Само овој да не им се повреди, инаку како ќе го ставаме Манчестер Јунајтед на тикет. Зборуваме за гол машинерија со 150 погодоци за пет сезони на Олд Трафорд, потоа четврти најдобар стрелец во ЛШ, како и најдобар стрелец во три различни првенства. Овој слалом од средина на терен му е против Фулам пред точно 14 години.

Босански коментатор зборува англиски со Нистелрој

„Руд, тенк ју фор апсеншн гравитејши - рај, мај ом виен ти", му кажа коментаторот на ОБН од БиХ, Сабахудин Саша Вугдалиќ на Руд Ван Нистелрој еден од најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите.

Најдоброто од Руд во Јунајтед

Иако Варди од Лестер минатиот викенд му го израмни неверојатниот рекорд со 10 голови по ред во Премиер лигата, Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој изјави дека му е мило затоа што рекордите се тука за да се рушат. Како самиот Руд решеташе во Манчестер Јунајтед?

10 години од непобедливите на Венгер

Арсенал го слави јубилејот од поставувањето на британскиот рекорд, откако „топџиите" ја освоија титулата по низата од 49 натпревари без пораз. На денот кога го славеше 19-от роденден, Вејн Руни од пенал ја прекина триумфалната низа на Арсенал.

Важно е да се викаш ВАН

Ако гледаме според името, тогаш Луи ван Гал ќе има добра иднина во Манчестер Јунајтед. Тоа има успеа на сите негови сонародници кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед и имаа „ВАН" во своето име.