Еднаш бев на журка кај Роналдо, доаѓаа автобуси со жени

Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.

Иван Елгера играше стопер во тимот кој 3 пати ја освои Ла Лига и 2 пати Лига на шампиони (1999/2000 и 2001/2002).

Тој на Инстаграм разговараше со Mister Chip, најпознатиот шпански спортски новинар и водител кој работи за ESPN.

Елгера раскажа дека не е точно дека не тренирале наутро со тренерот Дел Боске ако претходната вечер заглавиле до доцна. Ова претходно го изнесе Роберто Карлос.

„Роберто е многу јак лик. Секој од нас беше поинаков, многумина беа многу професионални, но не може да се мери тоа. Бразилците некако беа поинакви, а Дел Боске знаеше како да ја води таа група. Им даде простор, но не е вистина дека тренинзите ги префрлаше за попладне. Секој ден трениравме во 11 наутро. Некои излегуваа повеќе од другите навечер, но тоа е сè.

 

„Бекам, Зидан и Фиго беа големи професионалци. Роберто Карлос и Роналдо повеќе сакаа да излегуваат, но не секој ден. Ако победевме пример во сабота, ќе отидевме на вечера и после продолжувавме. Сепак повеќето играчи беа во мир дома.“

ЛУДИТЕ ЖУРКИ КАЈ РОНАЛДО

Високиот стопер кој играше и за репрезентацијата на Шпанија, се сеќава и на други моменти:

„Во клубот во 2003-та година нешто се случи по киксот во Лига на шампиони. Сакаа да го избркаат Дел Боске, но ние сакавме да остане. Не ни се допаѓаше начинот на кој Перез (Флорентино) се однесуваше. Тој не ја прослави шампионската титула со нас. Беше тешко да се ужива во вечерата. На крајот од таа сезона Дел Боске замина“.

Во еден момент Елгера раскажа и колку по журките бил Роналдо:

„На еден од родендените бев со жена ми. Кога почнаа да доаѓаат автобуси полни со жени, жена ми ми рече 'да си одиме дома ајде'. И жена му на Фиго исто. Журката беше кај Роналдо дома, во онаа куќа која подоцна му ја продаде на Рамос“, констатира Елгера.

21 април 2020 - 10:51