Две децении подоцна, Федерико си го одржа ветувањето. За сега има постигнано 20 гола во третата сезона на Артемио Франки, а синоќа против Рома го постигна првиот хет-трик, токму против клубот во кој Батистута се пресели во 2000-та година за сума од 70 милиони лири (36 милиони евра) после 9 сезони и 207 погодоци за Фиорентина.
Интересно е што во тој период и тој што го држи Федерико в раце беше член на Фиорентина. Енрико Киеза играше за Виолетовите од 1999-та до 2002 година, освои Куп на Италија и постигна 34 гола.
Ама малиот го рипна татко му и многу самоуверено покажа со прст накај себе. Што самодоверба ќе беше тоа уште од пелени.
Снимкава злато вреди.