
Летото 1998-ма година, Џовани Трапатони се врати во Серија А од Баерн Минхен и во Фиорентина го замени Алберто Малезаени.
Со парите добиени од продажбата на Канчелскис, Морфео, Шварц и Серени, новиот спортски директор на Виолетовите, Нело Говернато ги купи Морено Торичели од Јуве, централниот стопер на Барселона Гиљермо Амора, страшниот Чех Топмаш Репка од Спарта Прага и освојувачот на ЛШ од 1997 година Јорг Хајнрих.
На првото место таа сезона, Фиорентина дојде после третото коло во кое на Сан Сиро го декласираше Милан со 1-3. Батистута му даде гол на Ленс Леман во шестата минута а потоа уште два пати во второто полувреме.
Тимот од Фиренца таа сезона беше лидер до февруари, а потоа го загуби првото место на две недели после поразите од Парма и Лацио и ремито со аутсајдерот Салернитана. На крајот, Фиорентина заврши како третопласирана и тоа беше најдобар учинок по доаѓањето на Виторио Чеки Гори на чело на клубот.
Замена за Батистута беше Бразилецот Едмундо, кој во еден момент од сезоната заминал на карневалот во Рио, а во март 1999 година го осудија на четири години затворска казна, затоа што предизвикал сообраќајна несреќа во Бразил.
Голман на екипата беше легендарниот Франческо Толдо кој бранеше на 33 натпревари и на третина од нив беше несовладлив. Со средината од теренот командуваше Руи Кошта, португалскиот плејмејкер кој даде десет голови и учествуваше во уште толку погодоци на Фиорентина.
Во одбраната доминираше Томаш Репка, Чехот кој во 20 години кариера заработи 20 црвени картони. Во сезоната 1998/1999 доби пет црвени картони.
„Најнервозен бев на дуелот против Пјаченца во 26. коло кога судијата досуди непостоечки пенал и Симоне Инзаги ни даде гол. Го пцуев судијата на италијански и заслужено ми даде црвен картон. Тој судија беше Пјерлуиџи Колина“, изјави Репка неколку години после тој натпревар.
Ништо послаб касапин не беше ниту Морено Торичели, за кој Фиорентина на Јувентус му исплати 12 милијарди лири (околу 6 милиони евра). Италијанскиот репрезентативец доби девет жолти картони таа сезона но даде и два важни гола. Покрај Торичели и Репка, во одбраната беше и Пасквале Падалино, стопер кој даде три гола но заработи црвен картон на дербито против Лацио.
Фиорентина беше казнета и исфрлена во петтата италијанска лига, Серија Ц2. По 12 години, Фиорентина е повторно на врвот во Серија А.