Таг: џовани трапатони

25 години од легендарниот прес на Трапатони во Баерн

Џовани Трапатони (83) е една од најголемите тренерски легенди и еден од петмината со трофеи во четири земји (Италија, Германија, Португалија и Австрија). Во два наврати го водеше Баерн со кој има три трофеи. Има една незаборавна прес конференција на која со лоша граматика и полн со емоции, ги критикуваше перформансите на своите играчи. Онака ултра темпераментно и бесно. Кога заврши, не дозволи ни прашања. Си отиде лут.

Јуве и првиот италијански клупски триумф во Англија

Фабио Капело во ’80-те години бил толку активен и како тренер на Милан и како коментатор, што го викнале во студио да  ја коментира Астон Вила - Јувентус, четвртфинале на Куп на европски шампиони. Поради реклами каснеле со првиот гол.

Дебито на Пинтурикио за Јувентус

На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.

Седум тренери кои освоиле ЛШ и во копачки и во чевли

Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.

Тренерски титули - Made in Italy

Римјанинот Клаудио Раниери, новиот газда на Премиер лигата со Лестер е последниот во серијата италијански стратези кои освоиле првенство надвор од својата земја, од Англија до Кина, далеку од Серија А.

Трапатони: Тики-таката ме успива, здодевни додавања

Еден од најхаризматичните трофејни тренери во Европа, Џовани Трапатони изјави дека ужива додека го гледа интензитетот на борба на Атлетико Мадрид, а дека играта тики-така со многу додавања е додевна. 

Како еден гест сруши одлична кариера

Живееше во сенка на неговиот презимењак Роберто, но тоа не го засени да стане еден од најголемите фудбалери на Италија кој три пати го освои Купот на УЕФА и стрелаше на Мундијалот во САД ’94. Се побуни против системот и ја загуби битката со големците.

Виолетова носталгија со Толдо, Батистута и Руи Коста

Откако синоќна го прегази Интер со 1:4 на Џузепе Меаца, екипата на Фиорентина за првпат после сезоната 1998/1999 е лидер на табелата во Серија А. Се потсетивме кои фудбалери играаа за виолетовите во тоа време.

Играчите може слободно да играат како што ќе им каже Трап

На 76-от роденден на легендарниот италијански стручњак ќе се потсетиме на интересни пикантерии од неговата 40 годишна тренерска кариера на која упорно не сака да и стави крај и ја лаже жена му. Од 2010-та Џовани Трапатони е селектор на најмалата земја во светот, Ватикан која не е членка на ФИФА.

Брат за брат, Лига Европа за Италијанци

Дуелот Фиорентина - Рома ќе биде 17 натпревар меѓу два клуба од Серија А во едно европско натпреварување. Од Интертото на времето, па до Лига на шампиони, Италијанците често играа едни против други.

Астрологот Доменех сака да ја води Р. Ирска

Поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменех нема работа од 2010. година кога играчите и целата француска јавност се кренаа против него. Следна желба му е клупата на селекцијата што не сака да го види од оправдани причини.

Ред Бул ќе создава конкурентен тим за Баерн Минхен

Фудбалерите на Салцбург последниве години се редовни учесници во Лига Европа, но развојот и амбициите на австрискиот првак можно е да стагнираат поради тазе германски второлигаш. Заедничко е тоа што два клуба имаат ист спонзор кој повеќе цели кон Бундеслигата.

Од Ето до Роналдо, сите суеверија на фудбалерите

Камерунецот Самуел Ето никогаш не лета со авион во понеделник, а Златната топка за 2014 секогаш седи на истото место во авионот. Правите суеверија доаѓаат од Африканскиот Куп.

Неуморниот лисец не се откажува ниту на 75 години

Најтрофејниот италијански стратег кој денеска слави роденден, иако има веќе 40 години тренерски стаж нема намера да чува внуци. Во моментов е без ангажман, но очекува телефонски повик од Африка каде веројатно ќе продолжи со работа.