На 2 март 1983-та година моќниот Јувентус предводен од стариот лисец Трапатони на клупта и Дино Ѕоф, Џентиле, Ширеа, Бетега, Тардели, Платини, Паоло Роси и Збигњев Бонјек на терен, во КЕШ го победува актуелниот европски првак Астон Вила со 1-2.
Првиот меч на „Вила Парк“ во Бирмингем се играл во иста вечер со дуелите Бенфика - Рома и Интер - Реал Мадрид, па италијанската државна телевизија RAI не знаела што попрво да пренесува и се решила за одложен пренос.
Тогаш се уфрлил каналот Telemontecarlo, италијански канал од Монако, кој директно го пренесувал четвртфиналето Астон Вила - Јувентус. Во тоа време сè уште немало модерна дигитализација како денес, па поради реклами преносот доцнел, таман толку да се пропушти голот во прва минута на Паоло Роси за водство на Јуве од 0-1. Кога рекламите завршиле, играчите на Јуве веќе славеле.
Интересно, Вила брзо израмнува во 6’ минута, а до крајот од мечот големиот Збигњев Бонјек ги поставил конечните 1-2. Ова воедно била и прва победа на еден италијански клуб на англиско тло. Претходно само репрезентацијата на Италија триумфирала против Англија.
Коментатори на мечот во Бирмингем за TeleMonteCarlo биле Луиџи Коломбо и Фабио Капело од миланското студио. Капело паралелно со кариерата тренер, се покажал и како стручен коментатор.
(на RAI пренесувал легендарниот Бруно Пицул):
Реваншот во Торино бил рутински, Јувентус славел со 3-1 и со вкупен резултат од 5-2 се пласирал во полуфиналето на КЕШ