Занети, Малдини, Батистута: Колку е важно во управа да има клупска легенда?

На фестивалот за спорт во италијанскиот град Тренто се појави Габриел Батистута, кој се пријави да стане дел од раководското на Фиорентина. Зошто тоа некаде успеа, а некаде не?

Помеѓу илјада теми и мисли на фестивалот, Батистута отвори важна и привлечна тема. Без игра на зборови и мелење во празно, како вистински центарфот, аргентиската легенда директно ја лансираше својата кандидатура во Фиренца.

„Се чувствувам подготвен и чекам само прилика“, рече Батигол пред сите.

Зборови извадени од срце и секако не од интерес, туку само од љубов и страст кон градот и клубот кои му дадоа многу.

Говор кој остана забележлив и кој во време кога во фудбалот доминираат интересите и кога блиску до срцето е и паричникот. Во случајот со Батитута тоа не е така.

Со неговата вредност и важност, тоа е човек кој може да создаде поцврста врска меѓу навивачите и клубот. Од оваа гледна точна во која претставителноста и припадноста играат две фундаметални улоги, како да не го поздравите присуството на вакви ликови, кои се симбол на клубот?

Во фудбал во кој се повеќе доминираа парите и во кој бизнис аспектот ризикува да го надмине спортскиот, да бидеш претставуван од оној кој гордо го носел дресот, може да биде само избор на задоволство.

Тоа се случува во италијанско, а го посочи и самиот Батисута кој ги спомена примерите со Малдини во Милан, Занети во Интер и Недвед во Јуве.

Извонредни шампиони, капитени на терен и надвор од него, кои го поврзуваат своето име со спортските достигнувања на тимот. Тие не се мотивирани само од професионален аспект, туку ги води страста, а тоа не може да не му го направи ќеифот на навивачот.

Батитута во својот говор го спомена и Тоти. И тука работата станува посложена. Клупска легенда кој се врзува за своите е нешто посебно, но тоа не е доволно за да се пополни една позиција.

Тоти си замина од Рома со право кога сфати дека е само претставник на клубот и ништо повеќе.  Неговите зборови немаа никаква моќ во одлуките и тој веројатно доцна сфати кои се намерите на другите функционери. Улога непријатна за неговите аспирации без разлика што се откажа од богат договор.

Истото се случи со Перуци во Лацио. По неколку години во улога на функционер, изјави дека не се чувствува дека е дел од проектот.

Легенда кој од играч потоа станува и дел од раководстото е дефинитивно додадена вредност за клубот, но името не е доволно за да се оправда неговото присуство. 

Мора да му се даде можност да не биде само фигура, туку потпретседател, спортски или извршен директор со јасна улога и полно работно време.

Виа

30 септември 2022 - 14:23