На колку само јака ретро фотографија од Серија А налетавме. Габриел Омар Батистута, еден од симболите на италијанското првенство од 90-та во дрес со реклама која ти вика: оди купи две лименки 7 Up да те зареже малку грлото.
Инаку тоа беше неговата втора сезона на Артемио Франки. Во првата го носеше овој дрес:
А потоа следуваа:
Дресот со култниот газиран пијалак го носеа уште две славни фаци, Штефан Ефемберг и Брајан Лаудруп. Значи зборуваме за сезона 1992/1993 кога Милан заврши прв, Интер втор, Парма трета, Јуве четврти, Лацио петти. Какви времиња.
Виолетовите тогаш испаднаа од лига, но Батистута им остана верен и експресно ги врати во прволигашкото друштво по што им стана миленик на навивачите.
Зборуваме за легендарно име и за Фиорентина и за италијанскиот фудбал. Фиренца ќе го памети како едно од најголемите, најславните и најважните имиња во нивниот град кој сè уште го држи рекордот како најдобар стрелец на Фиорентина во Серија А со 152 гола.
Го купија од Бока Јуниорс во 1991-ва, а и го продадоа на Рома во 2000-та за тогашни 70 милиони лири (40 милиони евра) кога имаше 31 година. Најскап трансфер на тие години за тоа време.
Колку само го сакаа навивачите доволно е да се спомене фактот што навивачите во знак на револт го демолираа стадионот и бараа од раководството да го задржат по секоја цена, а потоа самите му изградија и споменик.
Батигол за жал не го освои Скудетото со Фиорентина, нешто што му успеа во Рома, но заигра со нив во Лига на шампиони.
Арсенал и Манчестер Јунајтед знаат многу добро какви голови им даваше.