Легендарниот фудбалер на Њукасл, Алан Ширер на 63 настапи за Англија постигна 30 голови. Играше на неколку големи натпреварувања за Гордиот Албион, но по неговото пензионирање, Руни жали што не заиграл со типичната 9-ка на англискиот фудбал.
„Уште кога бев мал го почитував Алан Ширер. Го сакав начинот на кој игра, затоа што беше прав голгетер, а доказ за тоа се рекордите. Многу би сакал да можев да играм со него во нападот“, призна Руни кој му бил најголем идол во детството.
Вечерва против Италија, Хари Кејн ќе заигра во нападот на Англија со Вејн Руни, кој за репрезентацијата на Англија дебитираше во 2003. година. На прашањето што мисли за италијанскиот фудбал, Руни изјави:
„Никогаш не сум размислувал да играм во Италија. Од цела Европа, италијанскиот фудбал е можеби најблизу до јужно-американскиот. Прават сè за да те сопрат и против нив е најтешко да се игра. Најдобри се во тоа да ти ја отежнат играта. Како помлад уживав да ја гледам Фиорентина, затоа што го сакав Батистута“, констатираше Руни.
Од 2003 година до денес, Руни играл со 10 партнери во нападот. Најмногу, 20 пати играл со Мајкл Овен со кој заедно постигнале 15 голови, од кои 7 биле на Руни. Капитенот на Јунајтед доста играл и со Дени Велбек, 14 пати, а заедно со него дал 20 голови, од кои 11 постигнал Руни.
Во триумфот на Англија против Литванија во петокот 4-0, дебитантски гол даде и Хари Кејн. Фудбалерот на Тотенхем вечерва би требало да стартува против Италија, заедно со Руни во нападот.
Сите голови на Вејн Руни за репрезентацијата на Англија: