Дани Велбек се калеше во академијата на Манчестер Јунајтед, а потоа беше дел и од сениорскиот тим, но кога го постигна решавачкиот гол за елиминација на Црвените ѓаволи во ФА купот, важна му беше само радоста. Многу фудбалери го игнорираат тој момент откако ќе сменат дрес, а Адебајор тоа го направи дрско пред очите на навивачите на Арсенал кога постигна гол за Сити.