Како Венгер го договорил Велбек додека чекал ред кај Папата во Ватикан

Големиот Арсен Венгер масовно ја промовира својата автобиографија: дава големи интервјуа, зборуваше за Мурињо и раскажува еден куп настани од фудбалскиот живот.

Минатата недела францускиот професор по фудбалска игра го посетил подкастот на The Athletic каде зборувал за еден од неговите најневеројатни трансфери во кариерата: потписот на Дени Велбек, некогашниот англиски репрезентативец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

Во тоа време Велбек играше за Јунајтед и се се случило во последниот ден од летниот преоден рок во 2014. Велбек се договарал со Арсенал но и со главниот ривал на „топџиите“ Тотенхем.

Во исто време Арсен Венгер бил во Рим каде се играл хуманитарен натпревар.

„Да, јас отидов на мечот во име на светот. На аеродром ми кажаа дека Велбек ќе потпишува договор со Тотенхем, но успеав да го преземам. Тоа беше многу забавна историја зошто цел ден водев преговори. Преговараа и Иван Газидис и Дик Лоу кои ми се јавија и ми го дадоа агентот. Му реков: „Слушај, ќе морам да спуштам зошто стојам пред Папата“. А он ми вика: „Што?“, викам: „Да, баш така“.

Стоевме во ред за да се сликаме со Папата на прием. Стоев на крај за да можам да преговарам по телефон. Но веќе редот ми дојде и морав да му спуштам: „Слушнете, веќе не можам да зборувам, сега ќе се сретнам со Папата“.

Венгер подона водел една од екипите на хуманитарен меч и изгубиле 3:6, но на крај успеал да го „украде“ Велбек пред нос на Тотенхем за 16 милиони фунти.

„Живееме во 2014 година и насекаде можете да бидете во контакт со сите дури и кога патувате. Средбата со Папата беше настан кој не сакав да го пропуштам. Јас сум католик и тој пови го чекав многу одамна“, раскажал Венгер тогаш.

„Освен тоа, тој меч беше за помош на светот и меѓусебно разбирање меѓу религиите. Мислам дека денес, кога се соочуваме со мала меѓународна верска војна, ова е многу важен натпревар.

Папата е најголемиот човек со кого можев да се сретнам зошто тој пројавува смирение и зборува со сите. Сака фудбал, вие не може да се родите во Аргентина и да не бидете љубител на фудбалот. Он навива за Сан Лоренцо во Аргентина“, раскажал Венгер.

Во едно неодамнешно интервју за The Times, Арсен Венгер раскажал дека е религиозен човек.

„Црквата е место каде може да се соземеш. Некогаш гледам миса на телевизија. Јас и натаму сум многу близок до религијата, но не можам да кажам дека сум голем католик. Бог има голема сила и не можете да докажете дека не постои. Од друга страна, не можете да докажете и обратно. Религијата не воздигнува. Таа помага да се биде среќен во животот. Бог ни ги простува нашите гревови, за во иднина да отидеме во рајот. Тоа ни дозволува да се концентрираме на сегашноста“, вели професор Арсен Венгер.

А Велбек? Тој одигра 5 сезони за Арсенал, настапи на 88 натпревари во Премиер лига (46 од почеток) и постигна 16 гола. Навивачите најмногу го паметат неговиот гол на „Олд Трафорд“ во ФА Купот.

После Арсенал Велбек замина во Вотфорд, а деновиве потпиша договор со Брајтон.

 

20 октомври 2020 - 12:19