Напаѓачот на Реал Мадрид кој игра како позајмен во Валенсија заработи една, па уште една повреда во краток временски период. Наодите на финскиот лекар Сакари Орава после операцијата на бутниот мускул покажале дека опоравувањето ќе трае 4 месеци што значи дека Русија ќе игра без еден од своите подобри фудбалери во нападот.
Венсан Компани
Белгиецот, освен што е еден од ретките современи фудбалери кој е магистар, важи и за фудбалер со најмногу повреди.
33-годишниот капитен на Манчестер Сити се повреди против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. Влечеше неколку повреди а поради последната заработена во Мадрид ќе мора да паузира 4 месеци што значи дека нема да командува со белгиската одбрана.
„Ќе излезам посилен од ова. Тежок момент е. Знам само дека ќе бидам најголемиот навивач на Белгија во Франција", изјави одличниот стопер.
Клаудио Маркизио (Италија)
Еден од главните играчи од средниот ред на Јувентус и италијанската репрезентација во средината на април на мечот против Палермо заработи повреда на коленото поради која 6 месеци ќе биде надвор од теренот.
На минатото Европско Маркизио играше во финалето, а ова ќе го гледа пред телевизија. Селекторот Конте бара достојна замена за него.
Марко Верати (Италија)
Повредата на одличниот фудбалер на ПСЖ е уште еден сериозен удар за репрезентацијата на Италија. Верати го пропушти решавачкиот меч на ПСЖ во Лигата на шампионите и ќе го пропушти Европското поради операцијата на препоните.
Добра околност по Марко Верати е што е млад играч кого во Италија го гледаат како лидер на селекцијата во иднина.
Илкај Ѓундоган (Германија)
Играчот од средниот ред на Дортмунд поради повреда го пропушти СП 2014 каде Германија го освои златниот пехар, а сега ќе го пропушти и ЕП 2016.
Парадоксално, Ѓундоган се повредил додека играл баскет пред еден тренинг, што е забрането во професионалните клубови. Освен што ќе го пропушти Европското. Германецот со турско потекло сериозно го доведува во прашање и трансферот во Сити летово кај Гвардиола.
Алекс Окслејд-Чембрлен (Англија)
Иако не беше стандарден во тимот на Арсенал, селекторот Хоџсон го повика во репрезентацијата за ЕП 2012 и СП 2014. Младиот Алекс ќе настапеше и во Франција да не ја обновел повредата на коленото.
Фабио Коентрао (Португалија)
Офанзивниот лев бек има 28 години, но неговата кариера има драстичен пад. Во Реал Мадрид не беше стандарден, Кралевите се обидоа да го позајмат во Манчестер Јунајтед, но повредата го спречи Португалецот да заигра во Англија.
Во моментов е на позајмица во Монако, а како стојат работите, Европскиот шампионат ќе го гледа од трибините. Повредата ја заработил во април на тренинг. Коентрао се појави на СП 2014, но се повреди на првиот меч и не се појави до крајот.
Курт Зума (Франција)
Еден од играчите со најголем потенцијал во Европа, се избори за стандардно место во Челси, го истисна Гери Кејхил од првиот тим и стана најдобриот играч во одбраната на Челси.
Следуваше и повик во репрезентацијата за која требаше да игра на ЕП, но тешката повреда на лигаментите го оддалечи на 6 месеци од терените. Тежок пех и за него и за Французите.
Крис Брант (Северна Ирска)
Како што нема шанси за Зума да заигра, така нема ниту за полушпицот на Вест Бромвич кој во последно време играше како лево крило во репрезентацијата која го обезбеди историскиот пласман на Европско првенство. Брант го повреди коленото на меч за ВБА.
Алан Џаџ (Република Ирска)
Можеби најмалку познат од другите на листава, но Џаџ е еден од клучните играчи на Брентфорд во англискиот Чемпионшип (14 голови + 11 асиситенции на 38 меча сезонава). Кон крајот на март дебитирал за репрезентацијата, а во април заработил тешка, ужасна повреда и двоен прелом на ногата. Џаџ има 27 години и ќе има време повторно да заигра како некогаш.
Матија Перин (Италија)
Младиот голман кој англискиот The Telegraph неодамна го вброи во 4 најдобри голмани на светот, беше трет голман во репрезентацијата на Италија на СП 2014, улога која требаше да ја има и на претстојното ЕП но го повреди колената и нема да патува.
Среќна околност е што за него ќе има уште многу големи турнири, уште е млад.
Џек Батленд (Англија)
Континенталниот турнир ќе помине без уште еден суперталентиран голман. 23-годишниот Батленд одлично бранеше за Стоук и во секој момент беше спремен да го замени Џо Харт на голот на Англија, но на пријателската против Германија го повреди зглобот и 4 месеци ќе биде надвор од теренот.
Пред 4 години, повредениот Џон Ради беше причина Батленд да биде викнат на ЕП 2012.
Роб Елиот (Република Ирска)
Уште еден голман кој нема да патува на Европското. Тим Крул во октомври се повреди и паузираше долго време а тоа беше можност Елиот да застане на голот на Њукасл. Роб со неколку одлични настапи заработи место во репрезентацијата на Ирска и го надмина неговиот конкурент Рендолф од Вест Хем.
Шеј Гивен има 40 години, а другите двајца ирски голмани (Вествуд и Хендерсон) немаат доволно искуство.
Дани (Португалија)
Еден од најдобрите легионери во историјата на рускиот фудбал се повреди на дербито против Спартак Москва. Повредата на коленото му беше трета во кариерата, поради неа го пропушти ЕП 2012 и ќе го пропушти претстојното.
Карим Бензема (Франција)
За разлика од сите други кои поради повреда нема да настапат, напаѓачот на Реал Мадрид не е викнат на Европското поради скандалот со видео-снимките и изнудите кои ги барал за други луѓе од соиграчот Метју Валбуена.
Во француската јавност се водеше полемика, а на крајот победи мислењето дека таков скандал не ѝ е потребен на репрезентацијата и поради тоа Бензема е надвор од селекцијата.
Мамаду Сако (Франција)
Најчудна околност поради која нема да игра Европско има стоперот на Ливерпул. После мечот со Манчестер Јунајтед во Лига Европа, Сако паднал на анти-допинг тест. Французинот изјави дека пиел таблети за топење на маснотиите, но тоа не му пројде во УЕФА и ФА.
Доби 30 дневна дисквалификација, но тешко дека нема да му ја продолжат казната пред почетокот на шампионатот во Франција.
Џордан Хендерсон (Англија)
Капитенот на Ливерпул го повреди коленото на неверојатниот меч против Дортмунд. Прогнозите се дека би можел да се подопорави до почетокот на ЕП, но шансите да заигра се мали. Јирген Клоп изјави дека би сакал Хендерсон да може да игра и во финалето на Лига Европа и на ЕП.
Дени Велбек (Англија)
Напаѓачот на Арсенал е последниот играч кој поради повреда нема да игра на Европското. Се повреди изминатиот викенд на мечот против Манчестер Сити. До почетокот на ЕП остана уште еден месец, така што Велбек нема да има доволно време да се опорави за настап. Но ако не на ова, сигурно ќе игра на некое друго, има само 23 години.
Бастијан Швајнштајгер (Германија)
Тешко е да се замисли репрезентацијата на Германија без Швајнштајгер, но повредата го оддалечи долго од теренот, па така не играл ниту за клубот речиси цела полусезона. Ретко кој е оптимист дека Швајни би можел да се опорави до ЕП.
Дејан Ловрен (Хрватска)
Како Бензема и Сако, така и Ловрен поради други околности нема да биде на ЕП. Стрелецот на најважниот гол за Ливерпул досега сезонава (против Дортмунд во 93-та) се скарал со селекторот на Хрватска Анте Чачиќ кој изјавил дека Ловрен барал загарантирано место во првиот состав за да дојде. 26-годишниот стопер јавно зборувал дека сомнева во квалитетите на Чачиќ, кој додаде дека барал средба со него, за да го решат односот.
Целиот проблем настанал на пријателската Унгарија - Хрватска кога Ловрен како резерва бил повикан да се загрее, но по неколку минути се вратил на клупата
„Се загревав 10-15 минути, немав јакна на себе и се вратив на клупата. Не е точно што пишуваат весниците дека сум одбил да играм", изјавил стоперот.