Во мај минатата година, после цели 11 години во Манчестер Сити, капитенот Венсан Компани објави дека се враќа во родниот Андерлехт. И брзо навивачите а и тој самиот се уверија дека не е сè како во бајките.
Во понеделникот Манчестер Сити организираше шампионска парада. Играчите, тренерите и персоналот се провозеле низ градот со отворен автобус во кој биле сите четири освоени трофеи.
Се мачеа фудбалерите на Манчестер Сити цели 70 минути да го отворат Лестер и на крајот експлозија од радост донесе капитенот Венсан Компани. Не размислуваше многу и со шут од 30-ина метри ја искина мрежата на гостите. Сити освои три златни бода и само 90 минути ги делат од титулата. Во последното коло му гостуваат на Брајтон.
Во Англија, каде нема што не е видено по фудбалските терени, коментаторите на Sky Sports синоќа во чудо констатираа дека не виделе вакво нешто никогаш. Кепа одби да излезе од игра во самиот финиш кога место него требаше да влезе сериозен пеналџија.
Пјер Компани е нов градоначалник на бриселската општина Гансхорен. Таткото на капитенот на Белгија и Манчестер Сити на локалните избори бил кандидат на Хуманистичкиот демократски центар а на изборите победил со освоени 39% од вкупниот број гласови. Пјер воедно стана и првиот црномурен градоначалник во историјата на Белгија. Пред неколку години син му стана првиот црномурен лидер на фудбалската репрезентација.
Дете на мигранти од Конго, капитенот на белгиската фудбалска репрезентација и на англискиот лидер Манчестер Сити важи за еден од најинтелегните играчи на денешницата. Не го занимаваат шарени копачки и фризури со гел, туку нешто далеку подлабоко.
Повредата секогаш се случува во незгодно време, но играчите кои поради неа ги пропуштаат големите турнири се навистина за жалење, затоа што настап на Европско или Светско неретко се случува еднаш во кариерата.
Белгија е федерална монархија поделена на два поголеми региони со три официјални јазици, а заради поделеноста и несогласувањата државата немаше влада 541 ден. Но овие разединети групи ги обедини фудбалската репрезентација која ги натера сепаратистите да бидат горди Белгијци.
Вака се бранат боите на својот национален тим! Капитенот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Белгија, Венсан Компани на натпреварот против Србија одиграл 60 минути со скршен нос, потрес на мозокот и пукнатина на очната вдлабнатина.