Какво голчиште на Компани, титулата на дофат на раце за Сити

Се мачеа фудбалерите на Манчестер Сити цели 70 минути да го отворат Лестер и на крајот експлозија од радост донесе капитенот Венсан Компани. Не размислуваше многу и со шут од 30-ина метри ја искина мрежата на гостите. Сити освои три златни бода и само 90 минути ги делат од титулата. Во последното коло му гостуваат на Брајтон.

6 мај 2019 - 23:41