Не е првпат тренер да вади голман во последните секунди од мечот кој оди во продолженија и евентуални пенали. Ова се смета за психолошки момент кој може да го смени текот на играта.
Иако редовна појава во клупскиот фудбал, на репрезнтативно ниво не е баш често голман да излегува на крај.
Така првпат во историјата на Светско првенство, на Мундијалот 2014 направи Луј ван Гал кога го стави Тим Крул на голот во четвртфиналето против Костарика, а овој му врати со два одбранети пенали. Не дека Крул беше некој пеналџија (фатил само два од 20 во претходните 5 сезони во Њукасл).
****
Синоќа можно е тренерот Сари со стручниот штаб да планирал ако се дојде до пенали, да се сменат голманите.
Аргентинецот кој е резерва, е подобар пеналџија од Кепа Аризабалага: Според податоците на Transfermarkt: Вили Кабајеро одбранил 11 удари од белата точка во кариерата: 2 во ФА Купот (Оскар, Дејвид Мејлер од Сандерленд), два во Премиер лига (Марез и Азар), два во Лига на шампиони (Фалкао, Нејмар), пет во Ла Лига од кои еден одбранет против Кристијано Роналдо (во мај 2013).
Интересно, Вили Кабајеро пред три години како голман тогаш на Манчестер Сити му донесе победа на пенали во финалето на Лига Купот против Ливерпул.
Кабајеро одбрани три пенали и Сити го освои трофејот:
„Знам колку е добар Кабајеро за пенали, веќе ни донесе еднаш Лига Куп. Не сакав тој да влезе и среќа тоа не се случи“, изјавил капитенот на Сити Компани после вчерашниот меч.
***
Синоќа во пенал серијата на „Вембли“, Челси промаши два пенала (ударот на Жоржињо го одбрани голманот на Сити Едерсон, а Давид Луиз погоди статива). Најскапиот голман на светот (80 милиони евра платени за него) го процени шутот на Агуеро, но топката му помина под раце и влезе во гол:
🙈 - Not what Kepa Arrizabalaga would have wanted in the penalty shoot-out after his bust-up with manager Maurizio Sarri!
— Sky Sports Football (@SkyFootball) February 24, 2019
What should @ChelseaFC do with the 'keeper following the incident? 🤔
Watch analysis and reaction to @ManCity's win live on Sky Sports Football now! pic.twitter.com/cUBxpMClD1
Денес цела фудбалска Европа го критикува младиот Кепа кој изгради лоша репутација со идиотскиот однос, но тренерот Сари после мечот беше многу посмирен отколку во самата епизода на теренот:
„Не знаев дека нема проблеми и сфатив кога дојде докторот. Имаше недоразбирање, мислев дека голманот е повреден и не може да брани пенали. Но не беше така и тој можел да продолжи да брани. Кепа знаеше дека барам да излезе од игра поради повреда, но тој кажа дека нема проблеми и бил во право. Сфатив се, веќе зборувавме со Кепа и ситуацијата е објаснета“, вешто изјавил Маурицио свесен дека Шпанецот направи тешка глупост.
Многу големи легенди на Челси и општо на англискиот фудбал го критикуваа голманот на Челси.
Џон Тери изјави: „Сари сакаше да го заштити играчот. Не знам што било во соблекувалната, но јавно така ја реши ситуацијата. Кога ќе го видиш твојот број за да излезеш од игра, нема тука што да се објаснува. Одлуката на тренерот мора да се почитува.“
Крис Сатон, некогашниот напаѓач на Челси исто не верува што се случи: „Како треба сега да се чувствува Кабајеро? Како после ова да тренира со Кепа? Како може Сари да зборува со Кепа во соблекувалната и да очекува овој да го слуша? За Кепа нема пат назад“, искрено рекол Сатон.