Таг: кепа аризабалага

Најлудиот момент во Премиер викендов - голманот Фостер и шансата за гол

Мечот Вотфорд - Челси (1:2) помина во апсолутна доминација на гостите, кои уште еднаш покажаа дека со децата од своја школа играат убав фудбал. Дадоа два гола, можеа уште два, ама на крај се спасуваа.

Кепа како мачка, чудесна интервенција

Шпанскиот репрезентативен голман Кепа Аризабалага синоќа беше играч на мечот Челси - Ајнтрахт. Прво за време на регуларните 90 се фрлаше како пантер, а после на клучните решавачки пенали одбрани два и го однесе Челси во големото финале.

Кепа Аризабалага се искупи

Челси многу тешко стигна до важни три бода во трката за место во Лига на шампиони, откако со 1-2 славеше кај Фулам попладнево. Победа остварена најмногу благодарение на најскапиот голман на светот.

Господин Маурицио Сари со еден потег реши сè

Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.

Кепа изгледа го заврши своето на голот сезонава

„Се извини на стручниот штаб и на соиграчите, но не беше доволно. Направи голема грешка, но мора да бидеме толерантни. Не сакаме да го убиеме него, клубот има своја позиција. За мечот (со Тотенхем) Кепа можеби нема да биде на голот можеби ќе биде“, изјавил синоќа тренерот Маурицио Сари на прес-конференцијата.

Причините зошто Сари сакаше да го смени Кепа со Кабаљеро

Во Англија, каде нема што не е видено по фудбалските терени, коментаторите на Sky Sports синоќа во чудо констатираа дека не виделе вакво нешто никогаш. Кепа одби да излезе од игра во самиот финиш кога место него требаше да влезе сериозен пеналџија.

Еднаш и Меси не сакаше да излезе како Кепа

Секако дека споредбата со глупиот голман не е возможна затоа што Меси е најголема икона во историјата на Барселона, човек на кој му се може сè и башка не е голман па да мора да го менуваат пред пенали, но чисто за потсетување: 2014-та година, Барса - Еибар 3-0, Луис Енрике го вика Лео да излезе, а овој одбива па тренерот што ќе прави, го вади Нејмар.

Не те вртам 2%, јас ќе бранам

Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.

Кепа - најдобриот асистент меѓу голманите

Минатото лето стана најскапо платениот голман во историјата на фудбалот откако Челси за него на Атлетик Билбао му плати астрономски 80 милиони евра. Кепа Аризабалага е стандарден на голот, веќе се навикна на англискиот фудбал а најголема предност му се одличните додавања до соиграчите.