Челси и Манчестер Сити одиграа 0:0 по 120 минути во финалето од Лига Купот, а Сари пред изведувањето пенали сакаше да направи голманска измена и да го извади Кепа. Овој му вика батали јас ќе ги бранам. Италијанецов збесна.
Челси загуби 3:4, а малиот некако можеби ќе можеше да се извади само ако победеа и покрај тоа што потегот е тотално непрофионален, особено за еден клуб ов Премиер лига. Па уште намигнува на крај.
24 годишниот голман на Челси покажа непослушност и непочитување на тренерска одлука, а денеска се обидува да се извади на Инстаграм.
„Разочарани сме и тажни поради тоа што не го подигнавме трофејот. Се боревме до крајот против голем тим. Ќе продолжиме да работиме напорно. Исто така, во оваа прилика сакам да објаснам еден момент од денешниот меч. Жалам за тоа што се случи во продолжението, сакам да кажам дека во ниту еден момент не сакав да го саботирам менаџерот или да бојкотирам некоја негова одлука. Мислам дека сè беше едно големо недоразбирање во ситуација кога вибрациите беа големи на теренот и пред крајот на меч за титула. Тренерот помисли дека не сум во можност да продолжам, а јас само сакав да му кажам дека сум способен да продолжам. Жалам за сликата која ја оставивме и затоа се извинувам“ напиша Кепа.
Челси лани го плати 80 милиони евра и го направи најскап голман во историјата, кусо време по потписот на Алисон кој го направи рекордот.