Во 77’ минута Жоржињо го удри Жерар Делафеу по нога и судијата досуди пенал. После голот за намалување на резултат 1:2, домаќините живнаа, заиграа многу поагресивно и тргнаа по бод.
Во 96’ минута Мејсон Маунт направи фаул близу голот на Челси. Во шеснаесетникот дојде и некогашниот англиски репрезентативен голман Бен Фостер, кој е многу повисок и поголем од своите соиграчи.
Делафеу центрираше, некој од играчите на Вотфорд само ја чепна топката а голманот Фостер во скок со глава го продолжи ударот до подалечниот агол, но голманот на Челси реагираше неверојатно и ја изби топката далеку од својот гол.
На тој начин Кепа Аризабалага спаси чист гол, а Бен Фостер за малку ќе станеше јунак на колото. Веднаш потоа мечот заврши и Фостер отиде да му честита на Кепа.
Бен Фостер има 15-годишно искуство во Премиер лигата. Тој беше воодушевен од колегата на другата страна:
„Никогаш не сум дал гол, а на овој меч бев близу како никогаш досега. Но чесно е и да се признае дека Кепа направи чудесна одбрана. Во тој момент просто ги затворив очите и чекав да видам што ќе биде. Ако дадев гол можеби ќе ја завршев кариерата“, изјавил Фостер.
Shots on target this season:
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) November 4, 2019
Ben Foster - 1
Jesse Lingard - 0 pic.twitter.com/htnZ5WcVVC