По 33 минути игра на квалификацискиот натпревар од нашата група А за Светското првенство во Бразил помеѓу Белгија и Србија, Венсан Компани настрада во дуелот со голманот Владимир Стојковиќ.
Лекарскиот тим на репрезентацијата на Белгија бргу интервенираше и му го сопре крварењето, по што Компани со крв на лицето и малку дезориентиран се врати на теренот.
Белгија победи со 2:1, а по натпреварот Компани побарал помош во блиската болница. Таму лекарите утврдиле скршеница на носот, потрес на мозокот и пукнатина на очната вдлабнатина.