На крајот од 2017 година Венсан Компани ја завршил Манчестерската бизнис школа. Се стекнал со степен магистар по бизнис-администрација (MBA во таа сфера е аналогно на тренерската лиценца Pro).
Курсот се состои од основните дисциплини - бизнис и менаџмент и од два практични проекти. Финалниот испит му била дисертацијата. Венсан ја бранел тезата како со смалување на цените на влезници екипите во Премиер лигата може да ја користат предноста на домашните натпревари и да ги подобрат своите резултати.
Стручната комисија ја оценила дисертацијата со 72 од 100 поени.
„Моето истражување покажа дека на домашните натпревари екипата домаќин придобива предност која пропорционално зависи од атмосферата која што раководството на клубот е способно да ја создаде на стадионот и тоа е врзано со навивачите кои доаѓаат на домашните натпревари. Мислам дека логично размислување и таков однос ќе им донесе повеќе пари на долгорочна перпектива.“, изјавил Венсан во пренос на радио BBC.
Компани се занимава со бизнис во кој не му фали знаење - првата компанија ја основал на 24 години а пред три години потрошил околу 2 милиони фунти на отворање на ексклузивен бар.
„Отсекогаш знаев дека образованието е важно, тоа од детството ми го зборуваше мајка ми. Кога играш фудбал на високо ниво, управувањето со сопствените финансии е исто бизнис. Мене ми е интересен бизнисот и важно ми е да сфатам за што ми зборува мојот советник. Фудбалот е бизнис кој влијае на социјалната сфера. Додека учев имав можност да ја набљудувам фудбалската индустрија и да сфатам како заработуваат клубовите“, вели капитенот на белгиската репрезентација.
Венсан Компани важи за интелегентен човек. За тоа зборваа Гундоган, Тоби Алдервејрелд и Пеп Гвардиола. Венсан совшрено добро владее четири јазици: француски, холандски, германски и англиски. Омилен автор му е Пауло Коељо (ја обожува книгата „Алхемичарот“), го интересираат случувања во политиката, го хејта Трамп и веќе седум години води сопствена бизнис империја.
Интерес кон образованието на Венсан од детството му развиле неговите родители. Татко му Пјер емигрирал од Конго поради политичкиот режим таму и се двоумел меѓу фудбалот и образованието. Го избрал второто зошто со фудбалот не можел да заработи за живот. Во Белгија работел како таксист за да се запише на факултет.
Мајка му на Венсан умрела кога тој имал 20 години. Таа целиот живот се занимавала со интелектуален труд: била советник во белгиското министерство за вработување.
Во јануари 2009 година со тогаш новиот фудбалер на Манчестер Сити се сретнал новинарот на Independent Јан Херберт. На почетокот зборувале за литературата. Во еден момент од интервјуто Компани ја читал „Гомора“ од Роберто Савиано - за една од најголемите и највлијателните криминални групи во Европа.
Потоа преминале на политиката - главното хоби на Венсан Компани. Тој раскажал за политичката доктрина на демократите и избраниот нов претседател на САД Барак Обама.
„Бев среќен кога тој стана претседател. Неочекувано медиумите беа на негова страна. Америка на крај ги среди односите со другите земји, а Обама посебно водеше сметка за животната средина и мене ми се допадна миграционата политика“, рекол Компани во разговорот.
Британската политика не го интересира посебно Венсан, но за политичката ситуација во Белгија и Франција е спремен да зборува долго: вели дека белгиската политика е една од најсложените во Европа.
Во 2012. Јан и Венсан одново се сретнале. Од моментот на првото интервју Компани го забетонирал своето место во првиот тим на Манчестер Сити и ја добил капитенската лента, се запишал во Манчестерската бизнис школа и читал за политика.
Дискутирал за претседателската трка во Франција: „Оланд не ги сака богатите, Саркози мигрантите. Ле Пен е далеку од решавања на економските прашања и тоа ми прави немир“, како што обично бива со интелектуалците, ниту еден кандидат не му се допаднал на Компани.
Во 2017 година Трамп стана претседател на САД. Реакцијата на Компани била бесценета: „WTF?! Дајте им власт на идиотите во цел свет и гледаме што ќе произлезе. Реалити шоу на новата генерација“.
Wtf.. Let's put all the idiots around the world in power and see what happens. Next gen reality TV. #SadWorld
— Vincent Kompany (@VincentKompany) November 9, 2016
Компани од 2010 е капитен на репрезентацијата на Белгија. Во Сити дојде во 2008 година а со него во Манчестер дошол и неговиот другар од детството Родиз Муненге кој секогаш го поддржувал Венсан.
Пред 10 години жена му на Компани се пошегувала: „Родиз е дел од нашето семејство, тој ни е како трето дете“. Во 2009-та Венсан му помогнал на другар му да отвори своја компанија за прехранбени производи Protection Raprochee UK LTD.
На 16 септември 2010 година Венсан заедно со Клас Гаобломе основал продукциска компанија Bonka Circus која работи во Белгија каде снима серии и телевизиски шоуа. Куќата е и музички лејбл, потпишува договори со перспективни и талентирани млади музичари.
Годинава Компани отворил и трет бизнис - Elite Limousines VIP Protection Services Ltd - фирма задолжена за превоз на VIP личности и корпоративни клиенти. Во автопаркот оваа компанија има Rolls Royce Phantom, Bentley Flying Spur, Bentley Arnage, Chrysler Limousine, Mercedes S Class, Hummer H2 и Lincoln Navigator. Според Daily Mail, оваа компанија има голем договор со Манчестер Сити а ги опслужува и клиентите од Манчестер Јунајтед.
Во март 2013 година Компани го купил клубот Блеид Моленбек од родниот град. Три години екипата се борела со финансиски проблеми а шефовите го однеле клубот во ликвидација. Компани го купил клубот, направил сериозен ребрендинг, му го сменил името во BX Brussels и направил нов минималистички грб.
„Ќе се фокусираме на млади играчи. Административните работи ги раководи сестра ми. Нашето семејство отсекогаш се занимаваше со фудбалски прашање, сестра ми се разбира“, рекол Компани после зделката.
Во 2014-та Венсан отворил два спортски бара во Брисел и Антверпен и ги нарекол Good Kompany. Со финансиските прашања му помага и бизнис-консултантот Јан Опенс, а Компани го проучил концептот до секој детал.
„Него не го интересираше ирски паб или американски спортски бар - тој мечтаеше за ланч зона. Таму сега може да се гледа фудбал, да се гледаат твитови на клиентите на екраните, може да се игра PlayStation, да се обложуваат преку смартфоните. Со Компани сме постојано на линија. Не сме донеле ниедна одлука да не го прашаме него.
Пред неколку години ги затворил двата бара и на нив затворил 2 милиони фунти. На TripAdvisor не собрал добри оцени и коментари. Сите го фалеле концептот и атмосферата но некои посетители се жалеле на претераните цени.
„Идеално е местото во центарот, добра услуга, но 11,5 евра за коктели е грабеж. Уште и за тоалет земаат 50 центи“, напишал еден од клиентите.
„Во овој бизнис не можеш во целост да ја предвидиш ситуацијата“, објаснил фудбалерот.
Весникот De Rijkste Belgen детално ја објаснил ситуацијата: „Многу луѓе беа заинтересирани таму да седнат, но тоа не е доволно. Локацијата е одлично но изнајмувањето на просторот била прекумерна, големи сметки за струја и многу персонал“.
Во 2016 Компани за жал не играше на Европското поради повреда и бил гостин на BBC во студио како стручен консултант со Линекер, Анри, Ширер, Фердинанд и Виали. Еден од раководителите на британскиот канал Филип Берни признал: „Венсан не порази сите кога дојде во студиото како гостин - тој е и тоа како проницлив“.