Играчи на Евертон се степаа, падна црвен картон а го победија Манчестер Јунајтед

Дуелот од 12. коло во Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон донесе неверојатни сцени. Во 13' минута од средбата на „Олд Трафорд“ гостинскиот фудбалер Идриса Геј имаше помрачување и му удри шлаканица на својот соиграч Мајкл Кин. Стоперот тргна да му возврати ама соиграчите ги разделија.

Идриса Геј доби директен црвен картон откако го шлапна стоперот и негов соиграч Мајкл Кин кој му се пуштил зошто му подарил топка на Бруно Фернандеш кој за среќа по Евертон го промашил голот.

36-годишниот фудбалер од Дакар доби директен црвен и сигурно ќе добие и казна од клубот и од Премиер лигата за лошото поведение.

За целото шоу да биде поголемо, три-четири минути пред оваа бизарна сцена тренерот на Евертон Дејвид Мојес се држеше за глава зошто мораше да го смени ветеранот и легенда на клубот Шејмус Колмен поради повреда со неговиот сонародник од Ирска Џејк О'Брајан.

Евертон повеќе од 80 минути играше со 10 играчи а во 29' минута постигнаа и гол преку Кирнан Дезбури-Хал за победа 0-1 на „Олд Трафорд“.

Гај се извинил после натпреварот.

„Сносам целосна одговорност за мојата реакција. Исто им се извинувам на согирачите, на стручниот штаб, на навивачите и на клубот. Тоа што се случи не е тоа што јас сум и вредностите за кои се залагам. Емоциите беа големи но ништо не може да оправда такво однесување. Сигурен сум дека веќе никогаш нема да се повтори“.

Интересно Дејвид Мојес после дуелот рекол дека му е мило што се случила таква епизода зошто тоа значи дека на играчите покажале страст.

„Ако ништо не се случеше не знам дали некој на стадионот ќе беше изненаден. Мислам дека судијата требаше малку подолго да размисли што ќе направи. Но ми кажаа дека правилата на игра се такви што ако шлапнеш свој соиграч можеш да бидеш во неволја.

Но има и друга страна од ова: сакам играчите да се борат меѓу себе, ако некој не направи права акција. Ако сакаш таква борба и отпор за да стигнеш до резултат, тогаш сакаш некој да се бори за тоа. Разочаран сум што добивме црвен картон но сите сме биле фудбалери и сме биле лути на свои соиграчи. Тој се извини за црвениот картон, ги пофали играчите и им се заблагодари и се извини за што се случи“.

Овие три бода сигурно ќе ги мотивираат „карамелите“ да играат уште подобра сезона. За сега имаат 18 бода, 5 победи, 3 нерешени и 4 порази.

25 ноември 2025 - 09:11