- Српската Алта Банка АД Белград, која неодамна стана нов сопственик на македонската Стопанска Банка АД Битола, синоќа на една клупска фотографија се појави на вардаровиот дрес, како еден од спонзорите на клубот.
- Оваа банка е активен поддржувач на спортот во Србија, а спортската јавност знае дека истата е дел од кошаркарските гиганти Црвена звезда и Партизан. Сега Алта Банка ќе го поддржува и РК Вардар 1961 на патот до новите успеси на три фронта сезонава.
- Вардарци вечерва ги чека дуел од 5. коло во Европската лига на ЕХФ против хрватски Сесвете во Загреб. Вардар 1961 е лидер на табелата со шест бода, еден повеќе од Сесвете и Кристијанштад. Последен е Тулуз без ниту еден бод. Со триумф црвено-црните сигурно ќе обезбедат пласман во следната рунда.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.