Манчестер Сити стана првиот клуб во историјата на англискиот фудбал кој во една сезона ги освоил сите 4 трофеи: Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп и Суперкуп.
На големата бина поставена за прослава со навивачите, на присутните за последен пат им се обратил капитенот Венсан Компани кој објави дека заминува од клубот.
„Вие сте најдобар клуб на светот. Не ми е гајле дали сте освоиле Лига на шампиони или не, вие сте најдобар клуб на светот. Запаметете го тоа засекогаш! Дечкиве од моја лева и десна страна ја заслужуваат вашата љубов, зошто тие упорно се трудат секој ден од година во година.
Сакам да ви се заблагодарам. Ве сакам сите. Јас отидов (I'm out), рекол Белгиецот и го фрлил микрофонот на земја.
My captain my captain 💙 tears in my eyes. Here’s to you Vincent Kompany💙💙💙 pic.twitter.com/MJOoqjZQHV
— Joe (@McfcRichy) May 20, 2019
Компани го видел и ископирал овој гест познат како Mic drop (да се фрли микрофонот) од Коби Брајант и Барак Обама.
За време на својот последен меч во кариерата, во април 2016, Коби рече „Mamba out“ (прекарот на Брајант му беше Црна мамба) и го фрли микрофонот на паркетот. А после две недели, 44. претседател на САД, Барак Обама, последниот прием за новинарите во Белата куќа, го завршил во манирот на Брајант: го фрлил микрофонот на под со зборовите: „Obama out“.