Засилувањето на ПСЖ за кого тие платија 30 милиони евра, Езекиел Лавеци синоќа влезе во игра против Порто во 73-та минута, но теренот го напушти по само 8 минути игра. Тренерот Анчелоти тврди дека морал да го извади од игра затоа што му се обновила повредата, но според начинот на кој што тој го истури својот бес на фрижидерчето со вода, можеме да заклучиме дека нозете му се во ред.