ПСЖ - ЧЕЛСИ
- Пред 11 месеци, ПСЖ го победи Челси 3-1 на Паркот на Принцовите, со головите на Лавеци и Пасторе. Челси во реваншот одговори 2-0 со головите на Андре Ширле и Демба Ба и се пласираше понатаму.
- ПСЖ вечерва ќе игра за трето учество по ред во четвртфиналето од ЛШ. Лани го добија Леверкузен 4:0 и 1:2 и со вкупни 6:1 се пласираа во 1/4 финалната рунда.
- Парижаните одиграле девет меча против англиски клубови и имаат учинок од 2 победи 3 нерешени и 4 порази. На домашен терен ПСЖ против екипите од Англија има 2 победи 1 нерешена и 1 пораз.
- Победата од 3:0 во 2004. година во Париз е единствен триумф на Челси на француско тло. Во сезоната 2010/2011, ПСЖ загуби 1:0 од Олимпик Марсеј и 3:1 од Монако во сезоната 2003/2004.
- Челси сезонава по деветти пат во последните 12 сезони победи во групна фаза. На гостински терен годинава, сините од Лондон славеа против Спортинг (0:1), против Шалке (0:5) и ремизираа против Марбирор во Словенија (1:1).
- Од составот кој ја почна сезоната во ЛШ за Челси, отпаднаа Ширле (Волфсбург), Мохамед Салах (Фиорентина) и Луис Бејкер (Шефилд Венздеј) а влегоа Гуардадо и Исаја Браун.
Можни состави:
ПСЖ: Сиригу, Максвел, Давид Луиз, Тиаго Силва, Ван дер Вил, Матуиди, Пасторе, Верати, Кавани, Ибрахимовиќ, Лавеци.
повредени: Орие, Кабаје, Лукас, Мота, Маркињос, Пасторе.
Челси: Куртоа, Аспиликуета, Тери, Кејхил, Ивановиќ, Матиќ, Фабрегас, Азар, Оскар, Вилијан, Коста.
повреден: Џон Оби Микел.
ШАХТЈОР ДОНЕЦТК - БАЕРН МИНХЕН
- Тренерот на Шахјтор, Мирчеа Луческу изјави дека неговите играчи ќе станат херои ако го победат чистиот фаворит кој во саботата славеше 8:0 против Хамбургер.
- На последните четири средби против германски клубови на домашен терен, Шахтјор има три нерешени средби и еден пораз. Последен пат „рударите“ победиле германска екипа во 1980. година, кога во УЕФА купот славеа 1:0 против Ајнтрахт Франкфурт.
- Украинската екипа нема официјален натпревар во 2015. година, затоа што тамошното првенство почнува подоцна од останатите во Европа. Шахтјор играше само пријателски средби на припремите на клубот во Хрватска, Бразил и Турција.
- Шахтјор Доњецк и Баерн Минхен ќе се сретнат за првпат во историјата, само неколку дена по највисокиот триумф на Баварците во Бундес лигата од 1980. година.
- Шахтјор против Германци играше во сезоната 2012/2013 кога играа нерешено 2:2 против Дортмунд на домашен терен, а во ревашнот загубија 3:0. Лани против Баер Леверкузен дома играа 0:0, а на гости загубија 4:0 во групната фаза.
- Баерн последен пат гостувал во Украина во сезоната 1999/2000, кога загубија 2:0 од Динамо Киев.
- Сите 10 натпревари против украински тим Баерн ги играл против Динамо Киев. Во Украина, Баварците имаат една победа, едно реми и три порази. Шахтјор дома против германските клубови има две победи, три нерешени и еден пораз. Вкупниот учинок им е пет победи, четири нерешени и пет порази.
- Луческу против Гвардиола има пет дуели кога Пеп ја водеше Барселона и загуби четири пати.
Можни состави:
Шахтјор Доњецк: Пјатов, Срна, Кучер, Ракицки, Шевчук, Фред, Даглас Коста, Фернандо, Алекс Тешеира, Тајсон, Луиз Адриано.
отсутни: Степаненко (казнет), Бернард (повреден)
Баерн Минхен: Ноер, Рафиња, Данте, Боатенг, Бернат, Швајнштајгер, Алаба, Милер, Робен, Левандовски, Рибери.
отсутни: Мартинез, Лам, Тиаго Алкантара (сите повредени)