Таг: папа

Вин Маријани: виното со кокаин во кое уживале папи и претседатели

Ние наивните нека си пиеме мохита и апероли. Не залудно се вика - во виното е вистината. А особено во ова вино со специфичен „бустер“, кој сигурно би додал малку повеќе дионизиска радост во прославата на св. Трифун. 

„Има две, и се нишаат“ - кога папата требало да докаже дека е машко

Легендата вели дека новоизбраните папи во средниот век требало да ги презентираат своите гениталии на „инспектор“ кој потврдувал дека тие се мажи. За таквата потврда тогаш било доволно да се има мадиња, и физички, а и метафорично - за да се издржи церемонијата.

Кога суделе мртов папа

Познат како „Синодот на еден труп“ (Cadaver Synod), постхумното судење на папата Формозиј било резултат на хаосот на деветиот век, кога различни фракции се бореле за контрола на католичката црква. 

Самурајот што го запознал папата и станал жител на Рим

Тоа дека Европејци патувале, тргувале или вршеле мисионерски дејности и низ најзабаталените краишта на светот е познато, како и честите негативни последици од истото. Но обратните примери се поретки и оттаму поинтересни. На пример како во 17 век еден јапонски самурај дошол во Европа.

Или Папата шара или Инстаграм лаже

Ватикан побара објаснување од Инстаграм за тоа како профилот на Папата лајкнал фотка на една оскудно облечена бразилска манекенка (какви што обично се).

Папата ќе укинува целибат за попови?

Како за црква која најголемите проблеми последниве децении ги имаше заради тоа што свештениците сами на себе си дозволиле да го прекршат целибатот и тоа главно со малолетни деца а.к.а педофилија, официјалното олабавување на целибатот не изгледа посебно радикално, ама е.

Иван де ла Пења - малиот Буда кој беше пречекан како Папа

На копачки со високи крампони едвај достигнуваше 170 сантиметри, но таков талент Ла Масија ретко кога видела во историјата.

Фудбалер од Египет го бојкотира мечот на папата

„Не играм заедно со ционисти“, изјави Мохамед Абутрика кој одбива да настапи на натпреварот за мир во светот.

Те сакам, Франческо

Секогаш наоѓам нешто за да ми се допаднеш. Некој гест вреден за обожавање, мал, а прекрасен гест за возвишување. И ништо од сето ова што ти го кажувам нема никаква врска со моите гледишта, ниту пак со мојата религиска неопределба. Сè ова е надвор од мене. Ова е прашање на чиста човечка симпатија, која за цел се има самата себе. И не ни знам како поинаку да ти кажам, колку те сакам Франческо?

Папите во поп-културата

Џереми Ајронс, Ринго Стар, Бенетон и едно зајаче - неколку интересни претставувања на папите во современата култура.

Don't you Franjo me

Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.

Новиот папа навива за Сан Лоренцо

Римокатоличката црква доби нов папа, а на медиумите не им требаше многу време да прочепкаат низ минатото и да ги дознаат сите детали за Хорхе Бергољио, па дури и за кого навива. Фрањо I е голем навивач на Сан Лоренцо, а има тренирано кошарка.

Кој е новиот папа?

Кардиналот Хорхе Бергољио до скоро на работа се возел со автобус, ја заменил официјалната резиденција со скромен стан и самиот си готвел. Сепак, тој изгледа не е реформаторот кој многумина го очекуваа.

Прво лустрација па после Папа

Светата столица соопшти дека конечниот извештај за тајните документи поврзани со скандали во Ватикан ќе му биде презентиран само на новиот поглавар. Но, некои кардинали бараат да знаат за што се работи пред да изберат нов Папа.

Параметри за Понтиф Икс

Кардиналите кои треба да го бираат следниот Папа ги искажаа критериумите кои треба да ги исполни совршениот кандидат. Во основа, да не биде ништо како Бенедикт 16.

Како да станеш Папа

Прво не треба да си женско. Второ, не треба да се крстиш со три прсти. Трето, треба да го имаш веројатно најкомплицираниот прогрес во кариера. Четврто, и сето ова да ти се погоди никој ништо не ти гарантира.

Тајните на Папата

Со исклучок на документите кои се појавија во јавноста во 2012. Ватикан до сега успеваше крајно вешто да го спречи излегувањето на информациите во јавност. Сега откако Бенедикт XVI. ги објави плановите за пензионирање, малку од малку почнаа да се надзираат причините за неговата одлука.

Папа-уметност

Авторитетните фигури - а има ли поголем папа од папата? - се податни теми на уметнички дела, заради „гребење" на уметниците од славата на првите, но и заради желбата за пародичност и контроверзност, кои со ваквите ликови секогаш успева.