Во името на контроверзноста и светата пародија

Папа-уметност

Авторитетните фигури - а има ли поголем папа од папата? - се податни теми на уметнички дела, заради „гребење" на уметниците од славата на првите, но и заради желбата за пародичност и контроверзност, кои со ваквите ликови секогаш успева.

Неколку примери на уметничко третирање на ликот и делото на папите низ историјата, меѓу кои и на последниот, во оставка.

(горе)

Италијанскиот уметник Маурицио Кателан го претставува папата Јован Павле II удрен од голем метеор, што може да се толкува и како несреќа, но и како Божја волја. Восочната скулптура се вика „Деветиот час", како асоцијација на часот на смртта на Исус (деветиот час по муграта, што вообичаено се смета како 3 попладне).

Акварел на британскиот комичар Роберт Попер. Под неа уметникот додал „Напрајв слика на папата - збогум папа!" (I dun a painting of the Pope, Goodbye Pope)

Контроверзна статуа на папата Јован Павле II, на уметникот Оливиеро Раиналди пред главната железничка станица во Рим. Кога била откриена во 2011 поттикнала големи реакции бидејќи повеќе личи на диктаторот Мусолини отколку на полскиот папа.

Слика од серијата на италијанскиот уметник Пеп Марчегијани „Ватиган" (Vatigun). Други дела од истата тука.

Трибјут на Јован Павле II насликан на порта во њујоршки Харлем на Џејмс Де Ла Вега, графити уметник со диплома од Корнел.

Католичкиот Енди Ворхол би бил горд - уметникот од Кина Мајкл Цартурјан и неговиот „Поуп арт"

Портретот на Веласкез на папата Инокентие Х. Зошто е важен-види подолу.

Омаж на претходниот портрет на Френсис Бекон, во психоделична-хорор варијанта.

Портрет на папата во оставка од германскиот уметник Мајкл Тригел. Кога Бенедикт го примил уметникот во Ватикан, тој наводно рекол: „А, значи вие сте мојот Рафаел" (види подолу)

Портрет на папата Јулие II на Рафаел (1511-1512), со #форевеалоун фаца и многу прстени.

Најновиот официјален сликар на Ватикан - по Микаланџело и Рафаел, тој е необичен. Убава жена е, од Русија, се вика Наталија Царкова, и има був како домашен љубимец.

12 февруари 2013 - 09:04