Таг: слики

Ослободените затвореници од Гвантанамо отсега ќе можат да си ги носат своите уметнички дела дома

Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.

Наместо масло на платно - лепешки на хартија

Баварски уметник им оддава признание на сточарите и фармерите од неговиот роден крај со „сепија“ боја слики, направени од кравји лепешки.

„Длабока носталгија“: вештачка интелигенција за оживување стари фотографии

Нова опција на сајтот за генеалогија MyHeritage, која нуди анимирање на стари семејни фотографии, стана вирална на социјалните медиуми, и е уште еден пример за тоа како манипулацијата на слики базирана на вештачка интелигенција полека станува мејнстрим.

Kaде се сите 1100 слики на Боб Рос?

Боб Рос е еден од најпопуларните американски сликари на 20 век. Најпознат е по три работи: „ладна“ фризура, шармантен карактер и сликање (кичести) пејзажи, во антологиски видеа со седативен ефект. Проблемот е што до скоро никој не знаеше каде му се сликите.

Уметничката галерија на ЦИА

Зошто една разузнавачка агенција би имала потреба од колекција на уметнички слики? За нејзините вработени да научат нешто за минатото на институцијата во којашто работат.

Што значи кога девојка сака фудбал и убаво црта

Руската блогерка Дарја Исаева по сопствено признание во новата година влегла со желба да наслика уште многу портрети на познатите светски фудбалери кои ги црта како ретко кој друг.

Децата со големи очи: приказна за една уметничка измама

Во 1960-тите Валтер Кин станал славен по неговите сентиментални портрети на дечиња. Но вистинскиот автор на овие слики била неговата жена Маргарет, која тој сурово ја експлоатирал. Сега нејзината приказна ќе биде филмувана од Тим Бартон.

Славни слики како карикатури

Хумористичниот сајт The Dartmouth објави меш-ап од славни уметнички дела, и легенди од карикатури на Њујоркер. Резултатот - цепки.

Кога Коен слика

Од 9-16 март во галеријата Мејбери фајн арт во Винипег, Канада, ќе се одржи продажна изложба „Леонард Коен - поетот и сликарот" - репродукции од Коеновата лична архива. Фин повод да се потсетиме и на неговите други таленти покрај пеењето.

Папа-уметност

Авторитетните фигури - а има ли поголем папа од папата? - се податни теми на уметнички дела, заради „гребење" на уметниците од славата на првите, но и заради желбата за пародичност и контроверзност, кои со ваквите ликови секогаш успева.

Сликарот во Џејмс Дин

Бунтовен, секси, некако ранлив, прерано влезен во легендите. Во државниот музеј на Индијана е отворена изложба која ја истражува кариерата на Џејмс Дин, како и неговите лични страсти и интереси. Цртањето изгледа било едно од нив.