Сервисот, кој е пуштен онлајн на крајот на февруари, користи техника наречена „длабоко учење“ која автоматски ги анимира лицата на фотографиите поставени на системот. Со оглед на лесната достапност на опцијата и можноста бесплатно да се проба, онлајн почнаа да фрчат анимирани верзии на стари семејни фотографии, слики од славни личности или на познати уметнички дела (Давид, Мона Лиза и др.).
Тестиран на повеќе фотографии сервисот изгледа прилично добар во анимирањето на изрази на лице, но понекогаш има и проблеми со пополнување на „празнините“ на она што може да го види од изворните фотографии, што создава благо чувство на морничавост.
.@MyHeritage's #DeepNostalgia feature is but a dream within a dream. pic.twitter.com/SInktJJYYO
— Bizzarro Bazar (@BizzarroBazar) February 28, 2021
Без оглед дали ви е ова забавно или тотално непотребно, тешко е да се остане индиферентен на оваа технологија. Особено ако се има предвид дека пред само три години вештачко произведеното менување на лик на Тереза Меј и Маргарет Тачер од само 15 секунди подразбираа неколку часа работа на моќен десктоп. Сега истиот ефект може да се произведе бесплатно на мобилен и на апликации како Снапчет, или да се овозможи како дел од промоција на генеалошки сајт.
Deep Гоце. pic.twitter.com/njlDunk5o0
— Mitko Veta (@mitkoveta) February 28, 2021
Ако сакате да си поиграте, тука