Едноставните скици направени само со пенкало, но и поелаборираните цртежи и слики, покажуваат дека човекот имал талент, кој можел понатаму да се развива. Но поентата на изложување на овие дела е и во тоа да се ѕирне во потсвеста на нивниот автор, која очигледно функционирала на интересни начини.
Некои се по малку бизарни, други еротични, трети со одличен смисол за хумор - автоматскиот хлорофилен филтер за стомачни гасови, на пример, е одличен пронајдок, иако од цртежот е тешко да се сфати како функционира. Нам сепак најмногу ни се допадна крокито со жената со задникот прободен со аморова стрела, чиј крај потсетува на ѓаволски трозабец. Љубов, болка, задни „ѓаволести“ намери, и погодок право во срце.
+ видео за изложбата