Пред кокаинот да стане дрога на богатите и пред бумот на енергетските пијалоци оваа супстанца била општествено прифатлив начин да се додаде малку енергија потребна за секојдневни активности. Производи кои го содржеле стимулансот направен од листови „кока“ имало меѓу газираните безалкохолни пијалоци, лековите па дури и во бебешкото млеко во прав.
Но она за што малку се знае дека кока имало и во вино. И тоа во такво кое ентузијастично го консумирале дури двајца папи.
Фирмата била Вин Маријани, креација на францускиот хемичар и производител на вино Анџело Маријани. Во средината и до крајот на 1800-тите, пијалокот циркулиран низ Франција, САД и Италија, а помеѓу неговите љубители се нашле и папата Лео 13-ти и Пие Десетти. Оригиналното име му била Vin Tonique Mariani a la Coca du Perou (со „кока“ од Перу), а инспирирано од лекарот и антрополог Паоло Мантегаза, кој го тестирал ефектот на коката врз самиот себе додека бил на истражувачко патување низ Јужна Америка. Колкав бил тој ефект се гледа од неговите записи:
Бог е неправеден затоа што направил човек да не може долготрајно да ги ужива ефектите на коката. Повеќе би сакал да живеам 10 години со неа, отколку 10,000,000,000,000,000,000 000 векови без неа.
Маријани тука идентификувал дотогаш неискористена можност и додал толчени ливчиња кока на црвено „бордо“, во пропроција 6 милиграми кока на една унца (30 ml) вино. Иако ова звучи многу, кога сакал да го внесе виното во Америка испаднало дека таму луѓето биле навикнати на поголем „кик“, од 10 милиграми по унца (кои веќе постоеле во тамошните производи), па тој ја зголемил дозата. Освен спомнатите папи, сега во него уживале и Томас Едисон, претседателот Улисис С. Грант и Жил Верн.
Зголемената контрола на употреба на наркотични средства во раниот 20 век ставил крај на користењето кока во различни производи. Кокаинот бил во мирување до 1970-тите. Но дури и тогаш би било необично некој да си го завршува денот со чаша кокаинизирано вино. Особено не со такво промовирано од еден папа.