Според италијанскиот весник Република, пензионираниот египетски фудбалер не сака да настапи на големиот спектакл во Рим, со образложение дека на терен ќе има израелски противник, а тоа е членот на Макаби Хаифа, Јоси Бенајун, кој има играно за Ливерпул и Челси.
„Одбив да настап на натпревар во друштво на ционисти. Со тоа им даваме пример на младите“, рече поранешниот фудбалер на Ал Ахил, кој ги поддржува Палестинците во војната со Израел.
Во 1998 година кога постигна гол против Судан, Абутрика под дресот покажа маица на која пишуваше „Да помислиме на Газа“.
Натпреварот кој се игра на иницијатива на папата Францис, а во организација на Хавиер Занети е закажан за 1 септември на стадионот „Олимпико“ во Рим, а идејата е преку спортот да се испрати порака за обединување на сите народи.