Претходниот папа Бенедикт XVI навиваше за Баерн Минхен, а новиот папа Франсис I е роден во фудбалската земја Аргентина, па нормално е и тој да има свој омилен клуб.
Тоа е 14-кратниот шампион на Аргентина и освојувачот на Копа Судамерикана во 2002-та година, екипата на Сан Лоренцо. За екипата чиј прекар е „светци" во минатото имаат настапувано Лавеци, Монтеро, Забалета, Кордоба, Руџери, Чилаверт...
Папата е голем навивач на Сан Лоренцо, па дури има и членска книшка од 2008-та година, а одржувал и миси во чест на клубот кој последен пат бил шампион на Аргентина во 2007-та година, а во моментов се наоѓаат на 12-та позиција.
Освен фудбалот, новиот папа е љубител и на кошарката, а според аргентинските медиуми, Бергољио во младиот денови и го тренирал овој спорт.