Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.
Тоа што јужно-американец станал поглавар на Католичката црква е директна заслуга на Чавез и неговото влијание врз Исус, порачал неговиот (привремен) наследник Николас Мадуро.
Римокатоличката црква доби нов папа, а на медиумите не им требаше многу време да прочепкаат низ минатото и да ги дознаат сите детали за Хорхе Бергољио, па дури и за кого навива. Фрањо I е голем навивач на Сан Лоренцо, а има тренирано кошарка.
Кардиналот Хорхе Бергољио до скоро на работа се возел со автобус, ја заменил официјалната резиденција со скромен стан и самиот си готвел. Сепак, тој изгледа не е реформаторот кој многумина го очекуваа.