Во интервју за Ројтерс, Мадуро (при чиста свест и совест) изјавил дека Чавез го напнал Исус при изборот на нов Папа.
"Знаеме дека нашиот командант отиде во височините и дека сега седи со Христос... Нешто влијаеше на изборот на јужно-американски Папа, некој има дојдено до Исус и му има речено: 'Ми изгледа дека дојде времето на Јужна Америка,'" изјавил актуелниот вршител на должност Претседател на Венецуела.
Една од спорните ситуации (ако на страна го тргнеме генерално спорниот концепт околу целата работа) е ако Чавез навистина зборел со Исус, зошто тогаш навивал за Аргентинецот, а не за Кардиналот на Каракас, Хорхе Уроса? Излезе дека на времето Чавез имал проблем со Уроса, кој во 2010-та го обвинил поранешниот претседател за прекршување на уставот.
Токму Кардиналот на Каракас ја водеше мисата во Рим по повод смртта на Чавез.