Новоизбраниот Папа во Франција се вика Франсоа.
Во Шпанија и Португалија - Франциско.
Во Велика Британија - Франсис, Френсис (иако таму повеќе им гребе по уши неговиот став за Фокландите).
Унгарците го викаат Ференц, Словаците Франтишек а Словенците Франчишек.
Најголеми дилеми околу неговото име имаа германските медиуми. Хорхе Бергољо своето име го избра по езуитскиот Фрањо Асишки (1181 - 1226), кој на латински се изговара Францискус. Асишкиот светител во Германија го викаат Франц па по аналогија, тоа име би требало да му одговара и на Папата. Но, медиумите некако премолчено се согласија да го нарекуваат Францискус бидејќи најверојатно така им звучи поавтентично.
Да, Фрањевскиот ред и овде звучи ок (инаку би бил Францискански), ама ете, и Германија имала сличен проблем (Франц) па сменила (Францискус).
Папата Франциско, стварно, што фали?
Фрањо нам ни е полесно (помалку букви имаме за пишување), туку ова во име на општата елегантност на зборовите кои не опкружуваат.