Кардиналот Хералдо Ањело, еден од петтемина Бразилци кои ќе бидат во конклавата која ќе избира нов Папа, инсистира да го види тајниот извештај од тн. Ватиликс, кој претходно му беше презентиран на Бенедикт 16-ти.
Ањело, кој е прв човек на католичката заедница во Бразил вели дека мистериозниот извештај мора да го видат сите 115 кардинали кои се задолжени за избор на нов Поглавар.
Цитирајќи неименувани извештаи, италијанскиот магазин Панорама и дневниот Ла Република наведоа дека тајниот извештај е полн со докази за корупција и хомосексуална проституција во Ватикан. Според некои, тоа е и главната причина за оставката на Бенедикт.
Скандалот со истекување информации од Ватикан изби во 2012-та и водеше кон апсење на батлерот на Бенедикт, Паоло Габриеле.
Бразилската кардиналска петорка соопшти дека доаѓа во Ватикан без да има однапред утврден фаворит за наследник на Бенедикт 16-ти.