Кардиналите бараат идниот Папа да ги има истите квалитети потребни за реформи и истата решителност за нивно спроведување како и Папата кој на почетокот на 20-от век управувал со Ватикан.
Високо на листата на посакувани карактеристики е новиот Папа да биде духовен човек, "вистински пастир," Папа кој ќе може да комуницира со светот, кој на позитивен и проактивен начин ќе може да ја шири пораката на евангелието, кој ќе бара начини како да ги надминува границите и оградите "како што Папата Јован 23. 'Добриот Папа' " го правеше тоа со насмевка.
Во нацртите за идниот Папа има и дека тој има здрава доза на харизма, човек кој е способен да ја изрази комуникативната страна на црквата. Човек кој може да направи гласот на Папата да се чуе на меѓународно ниво во врска со најголемите прашања како мирот, судирите и помирувањето на цивилизациите, како и односот на Католичката црква со другите религии.
Во случај избраниот човек да го нема "дарот за владеење," нему веднаш треба да му помогне Секретарот. Заради ова, добар дел од кардиналите сметаат дека новиот Папа не треба да ги задржи постојните клучни вработени до крајот на нивниот 5-годишен договор, туку веднаш да направи нов тим.