Се работи за фотка од Наталиа Гарибото (@nataagataa) која добила лајк од оверената сметка на Папата на Инстаграм. (За сега) божјото чудо, траело неполн ден, пред лајкот да биде тргнат.
Како за луѓе чие постоење се базира на верување во многу чуда, Ватикан крајно круто одбива и да ја размисли можноста дека самиот Папа навистина бендисал некоја слика на Наталиа и ја лајкнал.
По лајкот Ватикан спроведува истрага за да дознае како фотката била лајкната, и кој од тимот што ги менаџира најразличните профили на Папата заборавил дека е на службениот Инстаграм профил.
До сега тие заклучуваат дека „можат да исклучат дека ’лајкот’ дошол од Светата столица“ заради што се обратиле до Инстаграм за објаснување.
Папата на Инстаграм има 7,4 милиони следбеници, меѓутоа тој не следи никого на социјалната мрежа.
Наталиа има 2,4 милиони.