Се викал Хасекура Цуненага, и во 17 век бил испратен во Европа и Америка од страна на неговиот феудален господар, Дате Масамуне. Ова за него претставувало авантура, но и еден вид поход преку кој тој се стекнал со „духовно богатство“, но и буквално си го спасил животот.
Цуненага бил меѓу ретките Јапонци кои во тоа време можел да се пофали со тоа дека го обиколил светот, станал дел од првата јапонска заедница на Куба, го сретнал Папата и помогнал да започне огранок на јапонско население во Шпанија кое постои и денес. На крај, како кулминација на своите патешествија, станал и граѓанин на Рим.
Неговата мисија на запад сепак била пред сè начин тој да си го обели образот и да си ја поврати честа, односно онаа на неговото семејство. Неговиот татко во 1612 извршил ритуално сепуку (самоубиство) откако бил обвинет за корупција. Откако му бил одземен имотот и титулата, Хасекура можел да ја одбегне истата судбина само со иселување од земјата. Ова го сторил само неколку години пред периодот на сакоку, или национална изолација, која била прогласена во Јапонија во тој период и траел цели 264 години. Неговото патување започнало од малото јапонско пристаниште Цукинура во 1613, а првата дестинација Кејп Мендочино во Калифорнија, тогаш дел од Нова Шпанија.
Потоа тој го минал Пацификот, патувал преку копно низ Мексико, па со брод стигнал до Европа. Него го придружувале 20 пријатели, исто така Јапонци, кои веројатно биле првите кои го преминале Атлантикот. Но најблизок од странците му бил шпанскиот мисионер Луис Сотело, францискански монах кој е прогласен за светец во Јапонија. Бродот им се викал Дате Мару, а експедицијата минала седум години патувајќи низ светот.
Сотело и Хасекура направиле формални барања за повеќе мисионери во Јапонија, доставувајќи писма од господарот на Хасекура до кралот на Шпанија и папата Павле Петти. Сепак, најважна нивна цел било воспоставувањето трговски врски помеѓу Јапонија, Нова Шпанија (Мексико) и Европа.
Иако негови записи не се сочувани, изгледа дека Хасекура го прифатил католицизмот и станал католик под име Филип Франсис Факсекура. Во текот на неговата мисија шогунот Токугава Иејасу го забранил христијанството во Јапонија, за кое следувало смртна казна. Што се случило со истражувачот-самурај кога се вратил во Јапонија во 1620 не е познато, не неговите потомци биле егзекутирани поради практикувањето на христијанството. Тој ќе биде последниот посетител на запад во следните 200 години.
Види претходно: Полинезискиот „принц“ кој станал ѕвезда во Англија