Дванаесет продажни места на издавачкиот гигант Mondadori во Рим и реонот Лацио почнувајќи од денес ќе ја продаваат автобиографијата на Франческо Тоти.
Автобиографската книга „Un Capitano“ („Капитенот“) е уредена од Рицоли и пишувана заедно со авторот Паоло Кондо’. Интересот за оваа книга е огромен не само во Италија туку во цела Европа и по многу нешта потсеќа на интересот за епската „Хари Потер“.
Некогашната 10-ка на Рома и репрезентацијата на Италија инсистирал за навивачите на Рома да има посебен момент: мала средба со тифозите утревечер кај Колосеумот во Рим каде Тоти ќе ја претстави книгата во друштво на неколку најблиски пријатели, познати лица од светот на фудбалот и новинарите.
Присуство потврдиле Марчело Липи, Даниеле Де Роси и Антонио Касано кои ќе раскажат за најемотивните моменти од неговата кариера на кои тие присуствувале. Во меѓувреме за оваа презентација останале уште 12 места за кои клубот Рома отворил конкурс.
Интересно, најпознатиот монумент на светот никогаш досега не бил отворен за промоција на книга. На промоцијата е најавено и присуство на дечиња од педијатриската болница „Детето Исус“ од Рим, институција на која издавачката куќа Рицоли решила да и донира од собраните средства од книгата на Тоти.
Еден извадок од книгата на Тоти, тука.