Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.
Од утре (27 септември) кога е неговиот 42 роденден, книгата Un Capitano ќе биде пуштена во продажба во цела Италија, а Тоти сака да им подари нешто плус на навивачите на Рома.
Група центуриони, облечени во црвени здолништа, туники, оклоп, мачови и шлемови со пердуви се креваат на бунт пред римскиот Колосеум. Во 2012-та. Против Министерството за култура.