Тепачката започнала кога полицијата се обидела да тргне двајца "центуриони" од првиот кат на Колосеумот. По ова веднаш околу 25 нивни колеги се обиделе да ги спречат полицајците.
"Одеднаш, по 17 години сакаат да не избркаат од тука. Ова е апсурдно. Јас живеам од ова. Од ова ги хранам жената и децата... и сега ми велат - тргај се од тука! Тоа е невозможно. Сакаме да бидеме регулирани и да го вадиме лебот од тука. Во Венеција имаат гондолиери, во Рим имаме центуриони. Тоа е тоа," изјавил еден од вознемирените центуриони, кој се идентификувал само како Давид.
Од Министерството за Култура објасниле дека мажите немаат дозвола за тоа што го работат, а освен тоа често пати им досаѓаат на туристите да се сликаат со нив и потоа претерано им наплаќаат за сликите. Друга забелешка на Министерството е што овие мажи ја искривуваат сликата за центурионите и носат патики и фармерки со оклопот.
Ставот на Министерството го подржува и римскиот градоначалник, кој не сака да чуе за поплаките.
"Нема да дозволиме да не уценуваат. Или центурионите ќе ги прифатат правилата или ќе мора да си одат," порачал градоначалникот Џани Алемано.