Фотографии на годината од испраќањето на Франческо во пензија

Плачеше и старо и младо, и романисти и лацијали и машко и женско. Времето во Рим синоќа како да застана - од фудбалот се прости најголемиот Римјанин уште од Цезар.

25 сезони
786 меча
307 гола
197 асистенции
1 клуб

За последниот меч на Тоти, високо-тиражниот весник Il Tempo од Рим за првпат во 73-годишната историја се нарече Il Tempo di Totti.

Противникот на Рома во последниот натпревар на Тоти - Џенова настапи во специјално дизајнирани дресови за капитенот со натпис ’Џенова го поздравува Франческо Тоти’ од предната страна и ’25 сезони во еден дрес. 786 настапи, 307 гола, Светски шампион од 2006. Франческо Тоти во историјата на фудбалот’ од позади.

И фудбалерите на Рома носеа специјално дизајниран дрес со бројот 10 и ликот на Тоти на ракавите.

На римските градски автобуси беше напишано Фала капитену 10. 

Стадионот „Олимпико“ беше распродаден недели однапред за опростувањето на капитенот, а секој втор навивач носеше 10-ка на грбот.

Стотици стари, легендарни и нови знамиња во чест на најголемиот Римјанин

Немаше човек на стадионот што во еден момент не пушти солза...

Воздушно послание: „Фала капитену“!

Вечна љубов:

Величествената кореографија на легендарната Курва Суд (Јужна трибина) пред почетокот на мечот

Капитенот влезе во игра од клупата за резерви во 55’ минута наместо Мохамед Салах:

Победничкиот гол на Пероти во 90-та минута, Тоти го прослави на карактеристичен начин:

По крајот од мечот почна свечената церемонија за испраќање во пензија на Тоти кој доби неколку признанија:

Со најмалата ќерка:

На крајот Тоти не можеше да ги задржи солзите:

 

29 мај 2017 - 09:53